Вашата коса...

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.176
Поени од реакции
13.794
Приметив дека многу почна да ми опаѓа косата откако се разболев од ковидот.
Можно ли е тоа?
Некој друг да приметил ваков проблем?
На нет прочитав вакви случаеви, ама немам директно искуство :(
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Можно е да не е поврзано со ковидот, ами само од стресот предизвикан од тоа?
Мајка ми откога почна пандемијава, упола и е косата, али она е веќе некст левел паничар.
 
Член од
8 април 2014
Мислења
156
Поени од реакции
19
Здраво!
Каде може да се најдат online производи за стајлинг на коса како восок, глина, помада и слично?
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.493
Поени од реакции
13.718
Некој шо користи добар восок или нешо слично за обликување на коса да прпеорача?
 
Член од
11 април 2019
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво :) косата ја бланширам веќе година дена, на почетокот добро го поднесував бланшот, меѓутоа последните неколку пати чувствувам силно горење на скалпот додека стои бланшот баш пред два дена се бланширав и видов дека имам црвенкасти рани (корупки) на главата :(
Ме интересира што можам да направам при наредни бланширања а да немам проблеми со скалпот, зошто искрено многу се исплашив..
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.316
Има ли некоја женска искуство со ова чудо?

Член од
20 мај 2023
Мислења
594
Поени од реакции
2.673
Има ли некоја женска искуство со ова чудо?

Сестро, и ти најде кај да прашаш, 5 женски на форумов дал нѐ има. :D
Немам вакво, ама прилично сум убедена дека со Филипс немаш промашај за вакви ствари.
Имам фен Филипс платен 4000, душата му ја извадив, косата ко од салон излезена ја прави после фенирање.
И преса Филипс поклон ми беше исто измалтретирана скроз, пеглаше коса ненормално добро.
Ценава ко што гледам на ова чудово би требало да оправда функционалност.
 
Поедноставно ми беше да пишам тука, отколку да отворам фемина па да вртам низ тој форум и да барам.
Филипс генерално е супер марка, јас имам депилатор и сум презадоволна.
И преса исто.

Ова чудо, ми се свиѓа како ја прави косата, и некако многу едноставно ми изгледа. Ова од инфлуенсерки некои што сум гледала низ интернет, ама сакав да добијам и некое пореално и неспонзорирано искуство. :D
Би било идеално за брзинско правење фризура.

Фала ти сепак :love:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
Има ли некоја женска искуство со ова чудо?

Оддамна сум исфрлила фигара, пегли за коса...да, филипс е добра марка, но како ке ти се погоди зависи и од твојата коса, колку е прилагодлива, лесна за обликување.
Јас имам дива коса, непослушна, природно виткана( не многу) и само ја уништував со фигарото, плус нели и фарбата.
Што ке ти е...може и без него.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.489
Кога се работи за вакви работи, нема подобри од Ровента. Неколку месеци штедев пред 4 години да ја купам пресата со кератински плочки, не сум имала подобра преса во живот. Цело друштво ја користиме. Косата како свила, само со едно поминување. А, може и да се користи и како фигаро.
Косата здрава, влакно на страна немаш од пеглање и третирање.
 
Ги гледав и овие на ровента,

ама некако филипсот најмалку захтевен ми изгледа…
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.489
Ги гледав и овие на ровента,

ама некако филипсот најмалку захтевен ми изгледа…
Не не мултистајлери никако не купувај. Од кај сака нека се. Само убаво изгледаат, а за ништо не служат. Не постигнуваат температура и џабе фрлени пари. Што и да е нека е нас 230 С зошто со помала температура ем ќе ја правиш со саати косата, ем одма ќе ти се изобличи. Еден куп ги имам зошто убаво ми изгледале, демек за се, ама џабе, додека не ја купив Ровентата. Се преродив. И виткам со неа. И на мокра коса суши и пегла. И 4 години и повеќе како ја имам, како нова е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom