Исчезнати лица

Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
131
Поени од реакции
188
Дали некој од потенцијален ќе стане фактички психопат, и дали тој психопат ќе стане убиец - тоа зависи од средината и условите/искуствата.
Веројатно е прашање на дефиниција. Психијатријата под психопатија подразбира вродена состојба, а социопатијата е стекната во текот на животот. И ако земеме дека е тоа цел еден спектар, испаѓа дека хомо сапиенс генерално е социопатолошко битие. Што ги објаснува војните, геноцидите, убиствата, криминалитетот, страдањата на секој чекор...

Емпатијата е нова идеја во историјата на човештвото, и прилично кревка.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.281
Поени од реакции
27.767
Веројатно е прашање на дефиниција. Психијатријата под психопатија подразбира вродена состојба, а социопатијата е стекната во текот на животот. И ако земеме дека е тоа цел еден спектар, испаѓа дека хомо сапиенс генерално е социопатолошко битие. Што ги објаснува војните, геноцидите, убиствата, криминалитетот, страдањата на секој чекор...

Емпатијата е нова идеја во историјата на човештвото, и прилично кревка.
Болниците, градинките, старечките домови и шелтерите што ги објаснува?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.131
Поени од реакции
21.032
@Zlatikevichius предлагам 24 часа клуч на темава, или барем да не се оди оф топик.
Во оваа бура на коментари (95% неповрзани со насловот на темава) и да сака да објави некој корисна информација (или да објави за некој исчезнат, не дај Боже) џабе е.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
^^ Ментална состојба на починителите на причините за насловот (и дискусијата), тоа е офтопик?
ОК штом така... Инаку ја разбирам потребата за „телеграм“ тип на тема, ограничена само на вести и дојави. Но тоа не е оваа тема. Тоа треба да е јасно посоченото во описот/уводот и правилата на темата, не поединци да ги толкуваат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.781
Не...според законите ако 5 години се води за исчезнат, се прогласува за умрено
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.576
Поени од реакции
62.630
Секогаш го гледав прв е во билтенот за исчезнати, а што се десило уствари со него, која е приказната?
Малтретирал девојка подолго време. Таткото и братот на девојчето, го "исчезнале".
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Секогаш го гледав прв е во билтенот за исчезнати, а што се десило уствари со него, која е приказната?
После подолг терор врз комшиите и една девојка, конечно се најде некој да го ликвидира.
Таткото и братот на девојката најпрво го претепале, па го пикнале во ѓепек и до ден денес не му го пронајдоа телото.
Напишав за него десетина страни поназад што гад од човек беше.
Автоматски споено мислење:

Инаку, кога сме веќе кај Вардар,пред едно 10-12 години, во краток период од околу година-две, многу тела се пронајдоа во Вардар.
Ми остави мистериозен впечаток целата работа и претпоставувам никој од полицијата не почна да истражува што беше работава со тие тела.Од полицијата за вакви случаеви изјавуваа дека најчесто се работи за лица што имале намера да си го одемат животот.
Знам на вести еден период почнаа на секоја недела-две да кажуваат за пронајдено тело во Вардар.Само во околината на Велес најдоа 3-4 трупови и никој од локалново население не дозна чии се тие трупови.
Да не мистифицирам многу, вредеше барем истрага да се потегне за сето тоа.Доста сомнителна беше целата работа.
Се распрашував по постари луѓе, дали и во минатото имаат пронаоѓано трупови толку често во Вардар.Повеќето рекоа дека отсекогаш било така.

Да не влегуваме многу во филмови, ама замислете само за момент, некој брутален сериски убиец со години наназад да убива луѓе и да ги фрла телата во Вардар.Без воопшто и да се знае дека сериски убиец коси во земјава.
Телата во река обично ги наоѓаат неколку дена подоцна, а некогаш месеци, па и години поминуваат.
Од самата вода телото е подуено, водата го пере од доказите, во повеќето случаеви како воопшто ќе се докаже од што починал тој човек, дали е несреќен случај или намерно убиство, дали е намерно турнат во реката...
Претпоставувам на повеќето тела при такви околности не ни им прават обдукција, а и да им прават прашање е колку е квалитетна обдукцијата.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.458
Поени од реакции
9.371
Осомничениот Д.Д од Бор во саботата на 6 април бил задржан до 48 часа во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десет години постар брат, кој е осомничен за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на МВР од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициски службеници и лекари од Здравствениот дом во Бор, кои направиле обид за реанимација, во 03.10 часот починал Д.Д.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажало дека Д.Д. не починал од природна смрт, туку од претепување, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom