Диети и слабеење

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Unhealthy Carbohydrates? Просветли ме.

Упорен сум 4-5 пати одам неделно втеретана по 1.5/2h вежбам, значи мускулна маса имам одлични резултати, дури предобри. Се осеќам самиот дека сум зацврстен и осеќам сила повеќе, ама со мастиве потешко ми оди.

Обично јадам по 2 пати дено (освен кога ќе имам HUGE CRAVINGS навечер), на сабајле и после тренинг вечера (обично 18-20 часот).

Не сум дебел во никој случај, само ги имам тие love-bells околу стомачето и една прекривка над стомачните.
Зборам за тоа што ти го јадеш и го наброја
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
За овес и јаткасти плодови ? Па колку што имам читано и слушано, препорачано е и доста здраво ?
Затоа ти кажав да не се замараш со јаглехидрати, се додека се од растително/нерафинирано потекло јади ги слободно, треба да лимитираш калории и да внесуваш доволно протеин, се друго е небитно од аспект на слабеење, и спаѓа во митови, џим бро муабети и псевдонаука.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Можи и вакцина ќе најдат. Зошто ти е вежбање и активност.

Consider drugs and surgery early for obesity in kids, new guidelines say: "Waiting doesn't work"

Children struggling with obesity should be evaluated and treated early and aggressively, including with medications for kids as young as 12 and surgery for those as young as 13, according to new guidelines released Monday.

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Дефинитивно не планираат ништо да сторат со процесираната храна. Дури планираат да заработат на огромниот број дебели.

Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Почнав да се осеќам неубаво во своја кожа па се фрлам на режим на исхрана и поинтензивно вежбање. Некако крајот на ноември, декември и јануари скроз редуцирав вежбање и трчање, а повеќе бев фокусирана на љубов и храна. Хедонизам јбг. :D

Нема јадење после 6ч навечер.
Нема јадење грицки и слатки.
Нема јадење леб.
Нема пиење газирани пијалоци.
Нема јадење тестенини.
Пиење многу вода и чај.
Јадење супа, салати, зеленчук и овошје, пилешко, риба, по некоја коцка темно чоколадо, чиа, овес и по некоја јатка понекогаш.

Сакам да ослабнам 5 кг и малку да направам стомачни. :D

Wish me luck.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
837
Поени од реакции
1.219

Не се ништо 5кг сигурен сум дека ќе ги скратиш, ама сепак дека ќе направиш убави стомачни без вежбање, потешко малце. Сепак се мускули, мора да ги работиш за да се затегнат.

Јас бев 78кг, качив 87кг bulking правев, сега сум на калориски дефицит но конзумирам многу протеини за да исцртам убаво тело. Ако имаш малку салце, имаш шанса повторно пак да почниш да вежбаш и да направиш многу поубаво тело.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
На крај све се сведува на калориски дефицит. Да потрошиш повеќе калории од што примаш. Прв чекор е свесноста околу тоа што јадете. Најубаво запишете на пример има и апликации оти само така горе долу имате увид. Исфрлање благо, џанк фуд и алкохол помага. Повеќе протеини во тој процес и добра дисциплина. Телесни активности паралелно не се лоши ама и без може да се слабее.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Почнав да се осеќам неубаво во своја кожа па се фрлам на режим на исхрана и поинтензивно вежбање. Некако крајот на ноември, декември и јануари скроз редуцирав вежбање и трчање, а повеќе бев фокусирана на љубов и храна. Хедонизам јбг. :D

Нема јадење после 6ч навечер.
Нема јадење грицки и слатки.
Нема јадење леб.
Нема пиење газирани пијалоци.
Нема јадење тестенини.
Пиење многу вода и чај.
Јадење супа, салати, зеленчук и овошје, пилешко, риба, по некоја коцка темно чоколадо, чиа, овес и по некоја јатка понекогаш.

Сакам да ослабнам 5 кг и малку да направам стомачни. :D

Wish me luck.
Update: од тогаш до денес сум ослабнала 7кг само со најдење леб, благо, тестенини и без газирани пијалоци.

Сега продолжувам со здрава исхрана со по некој cheat day некогаш, и по некое парче р’жан леб.

Веќе две недели како и активно почнав да трчам, паралелно со пешачење, затоа што после зимскиот сон не сакам да форсирам а и алергијата ужасно многу ми смета.

Ова е од денес:

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.150
Поени од реакции
10.152

Браво за тебе и ти посакувам да издржиш долгорочно со здравиот начин на живот.
Јас бев примерна исто така неколку месеци, ослабнав фино, но ете една убава радосна вест ме пресече и пак почнав со јадење без мерка.
:(Зошто човек не може да им одолее на некои работи доживотно?
Им завидувам на луѓе кои имаат мерка во јадењето, а не ко мене, сладолед и чоколадо секој ден по 300 гр.:sramezliv:
 
Тешко ти е првите недела-две, додека стекнеш рутина. Кога ќе поминат 21 ден, тоа веќе ти е навика.
Сега немам никаква потреба да јадам сникерс, тоблероне, милка, и триста други глупости.

Појадувам кај 10часот, или чиа пудинг или овес. Ова од што морам, затоа што на работа многу малку мислам на храна.
Ручек кај 16 и 30, јајца варени, пилешки стек, спанаќ, понекогаш боранија, или варен компир, салати (се изнајадов цвекло, морков, зелка, марула, рукола, краставици, домати и сл).
Вечера ретко, затоа што рано легнувам. Какао пијам навечер кај 6 и ме заситува. Или по некое бадемче и индиско оревче и тоа е.

Плус си правам грди сокчиња во блендер - целер, магданос, лимон, ѓумбир,
Сега саси вода ќе си направам, со краставици, нане, лимон и тоа го пијам како напиток.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
Браво за тебе и ти посакувам да издржиш долгорочно со здравиот начин на живот.
Јас бев примерна исто така неколку месеци, ослабнав фино, но ете една убава радосна вест ме пресече и пак почнав со јадење без мерка.
:(Зошто човек не може да им одолее на некои работи доживотно?
Им завидувам на луѓе кои имаат мерка во јадењето, а не ко мене, сладолед и чоколадо секој ден по 300 гр.:sramezliv:
Па и реално зошто скроз би си скратила некои работи доживотно? Посебно кога у денешно време има многу опции за здраво благо, дури и дома направено. Чоколадото и не е така лошо, темно, со висок процент на какао, умерено да конзумирш. Не е можно ова 300грама на ден, како ли само ти успева? Тоа ти се 1800 калории само од чоколадото, скоро цел дневен калориски внес. Замислуем сега онаква Милка од големите, тие се 300 грама. И мене ми е слаба точка, ама 300грама е нели веќе премногу. Забите/непцата како не те болат од толку многу шеќер?

Ја од благо периодов, видов еден рецепт на инстаграм: канче грчки јогурт 200гр, у него ставаш две лажици какао, мешаш тоа, земаш две банани сечени на кругови и ги валкаш кругчињата банани целосно у смесата од јогурт и какао. Ги ставаш на чинија и у замрзнувач. Другиот ден имаш здрави мини благциња ко сладолед.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.705
Update: од тогаш до денес сум ослабнала 7кг само со најдење леб, благо, тестенини и без газирани пијалоци.

Сега продолжувам со здрава исхрана со по некој cheat day некогаш, и по некое парче р’жан леб.

Веќе две недели како и активно почнав да трчам, паралелно со пешачење, затоа што после зимскиот сон не сакам да форсирам а и алергијата ужасно многу ми смета.

Ова е од денес:

Pritisnav na Spijlerot midlev ce vidam stomachni muskuli.
Toa slika od 6,8 km .
Jas sekoj den od zaebancija po 7-8 Km proshetuvam.
Ispod 30 km za mene ne e Walking !
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.150
Поени од реакции
10.152
300грама е нели веќе премногу. Забите/непцата како не те болат од толку многу шеќер?
Па да, 300 грама е калориски премногу, но за мене е ситница....хахааа....на работа кај мене секојдневно има некое частење, а јас немам навика да одбијам.
Искрено, забите ми се фала богу ок, но затоа шекерот у крвта ми надминува 6ка...
Готово, еве од денес пак почнувам со здрав режим на исхрана.
Пред неколку години пиев хербалајф и имав супер резултати, но не траеше долго.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom