Заработка на интернет (официјална тема)

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.823
https://mk.jtnpanel.com/FAQ scam или не? мене ми делува ко нереално ова.. некој да предложи страна онлајн што стварно се прават пари?
 
Член од
16 јули 2016
Мислења
37
Поени од реакции
8
Дали реално ти треба фирма, или треба да пополниш некоја форма таму кај нив, нешто како име на фирма и даночен број?
Исто, дали би ти бркало работа со Бизнис Пејпал акаунт? Да ги повлечеш парите.

@Anastasija970 најлесно е со нешто како WooComerce или Shopify.
Изработувањето на custom веб страна у принцип е многу скапа инвестиција и тоа ти го препорачувам само доколку имаш вистинска потреба од тоа.
Проблемот во МК е тоа што бројот на Payment providerи е многу лимитиран и имаме проблеми за наплата.
Јас сум користел комбинација на Shopify+Paypal и сум терал без проблем, но потребен е ЕУ пејпал.
Инаку ќе треба да бараш од банките HalkPay или CPay, а тоа е огромна главоболка.
Значи од старт осудени на пропаст со други зборови :(- незнам колку вистинската потреба е вистинска, но само да се тера преку инста, не ми е сигурно, бидејќи го хакнаа акаунтот и преку фејс пробуваа да наплатат за некои реклами, па се изремети се тоа со инстаграмот- и од тогаш све некакви дешавки има со инстаграмот...а нивниот сапорт е исто така, додатен проблем, дур ги најдеш на чет, па од еден на друг, па отвори тикет, па се влечка тоа...затоа сакам да има и веб страна која би си функционирала паралелно со инста во случај не дај боже да се деси пак некој ковид :yid:. А пејпалот, мора ли да биде на мое име или можам да гористам на близок мој-кој живее во Грција? Ама па тоа после повлекува, на тој што ќе му пристигаат парите во Грција на сметка-да му бараат потекло од каде стигаат парите или сум грешка?
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Дали реално ти треба фирма, или треба да пополниш некоја форма таму кај нив, нешто како име на фирма и даночен број?
Исто, дали би ти бркало работа со Бизнис Пејпал акаунт? Да ги повлечеш парите.

@Anastasija970 најлесно е со нешто како WooComerce или Shopify.
Изработувањето на custom веб страна у принцип е многу скапа инвестиција и тоа ти го препорачувам само доколку имаш вистинска потреба од тоа.
Проблемот во МК е тоа што бројот на Payment providerи е многу лимитиран и имаме проблеми за наплата.
Јас сум користел комбинација на Shopify+Paypal и сум терал без проблем, но потребен е ЕУ пејпал.
Инаку ќе треба да бараш од банките HalkPay или CPay, а тоа е огромна главоболка.
Реално не ми е потребна фирма, само треба да им потполнам име на фирма и даночен број, е сега после тоа ќе ми бараат нова трансакциска сметка која што би била на име на фирмата и парите ќе ми стигаат таму...
Како друг проблем што се јавува е тоа што парите треба да стигаат во евра или долари, а во нашите банки нема можност да извадиш девизна сметка на фирма (бараат нешто потврда или гаранција некоја заверена на нотар нз)..
Малку повеќе се комплицирани работите кај нас...
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
Незнам дали на точен подфорум прашувам, ако треба ќе прашам кајшто ќе ме упатите.
Имено, си имам свој мал бизнис кој е разработен и се оди преку инстаграм. Пријавена сум како занаетчија, ми тече стаж, немам фискална, не пријавувам данок.
Но, како се шири бизнисот, имам потреба да направам веб-страна бидејќи неможам никако да ги регулирам нарачките со плаќања. Изработувам нарачка -за која нема опција како да се плати однапред- и кога ќе испратам по карго низ Македонија-се дешава не само што нема да ја подигнат, туку да платам јас трошок и кога ќе им пишам, да ме стаат само на seen.
Се распаршував за страна, вордпрес, шопифај и тотално from the scratch.
Најбитно ми е да може плаќањето да си оди преку страната - си оди на страна, си нарачува, си плаќа-и јас почнувам со изработка.
Никакво познавање немам од веб страни-ни цени, ни опции -незнам од каде да почнам но мора страна да се направи.
Било каков совет, насока, штогоде, ќе биде добредојден, или да упатите некој што изработува вебстрани-па да прашам таму.
Фала дечки :oleee:
Види во оваа група на фб https://www.facebook.com/groups/wpmkd . Некој од овде може да ти помогне за изработна на веб страница и имплементација на систем за плаќање. Не би ти препорачил од scratch, си има готови темплејти кои може да ги искористиш преку Wordpress заедно со Woocommerce.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.917
Дали реално ти треба фирма, или треба да пополниш некоја форма таму кај нив, нешто како име на фирма и даночен број?
Исто, дали би ти бркало работа со Бизнис Пејпал акаунт? Да ги повлечеш парите.

@Anastasija970 најлесно е со нешто како WooComerce или Shopify.
Изработувањето на custom веб страна у принцип е многу скапа инвестиција и тоа ти го препорачувам само доколку имаш вистинска потреба од тоа.
Проблемот во МК е тоа што бројот на Payment providerи е многу лимитиран и имаме проблеми за наплата.
Јас сум користел комбинација на Shopify+Paypal и сум терал без проблем, но потребен е ЕУ пејпал.
Инаку ќе треба да бараш од банките HalkPay или CPay, а тоа е огромна главоболка.
Во однос на дропшипинг, дали комбинацијата со shopify i paypal, може да се искористи на пример, работам од тука мк а парите стигнуваат во странство на paypal сметка?
 

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
459
Поени од реакции
298
Во однос на дропшипинг, дали комбинацијата со shopify i paypal, може да се искористи на пример, работам од тука мк а парите стигнуваат во странство на paypal сметка?
да, тоа е комбинација што може да функционира.
 
Член од
29 август 2009
Мислења
131
Поени од реакции
22
Potpolno pasivna zarabotka preku internet.
Samo treba da se registrirate na Honeygain i da ja simnete aplikacijata i ja ostavate da vi raboti vo pozadina na vasiot ured. Aplikacijata e dostapna za android, windows i vi omozvozuva da zarabotuvas poveke istovremeno od poveke uredi.

Za da dobiete gratis 5 evra za start vlezete preku ovoj link
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
Здраво дечки, отворив страна на Shopify и се беше во ред дур не стигнав до payment method, дали знае некој payment method, кој би можел да работи во Македонија?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.558
Поени од реакции
66.198
Aко дознаеш, кажи, и мене ме интересира.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.957
Поени од реакции
8.141
Најдете човек од доверба кој што е резидент во европскиве држави или Америка и ако ви се согласи отворете со негови податоци европски PayPal или Stripe. Може и да ризикувате да направите PayPal преку Словенија со НЛБ ама често пати знае да го блокираат акаунтот на повисоки суми.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.442
Поени од реакции
7.725
Здраво дечки, отворив страна на Shopify и се беше во ред дур не стигнав до payment method, дали знае некој payment method, кој би можел да работи во Македонија?
Можеш со 2checkout во Македонија.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
222
Поени од реакции
67
Можеш со 2checkout во Македонија.
Читав reviews за 2Checkout by Verifone и многу од нив викаа дека е scam, незнам колку е точно, имаш искуство со странава?
Автоматски споено мислење:

Најдете човек од доверба кој што е резидент во европскиве држави или Америка и ако ви се согласи отворете со негови податоци европски PayPal или Stripe. Може и да ризикувате да направите PayPal преку Словенија со НЛБ ама често пати знае да го блокираат акаунтот на повисоки суми.
Незнам зошто ама PayPal не ми ни излегува како опција, ни во payment methods, ни во additional payment methods.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.442
Поени од реакции
7.725
Читав reviews за 2Checkout by Verifone и многу од нив викаа дека е scam, незнам колку е точно, имаш искуство со странава?
Автоматски споено мислење:


Незнам зошто ама PayPal не ми ни излегува како опција, ни во payment methods, ни во additional payment methods.
Епа сум ги користел на времето и картичка ми пратија во соработка со Payoneer.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.043
Здраво, ми треба дополнителна работа дополнителни примања.
Дали овие интетнет заработки ,како што се ,,Амазон , H&M се релевантни односно се заработува или со нешто друго ако некој знае.
Пример овие фриленсери како може да се поврзам?
Солидно зборувам неколку јазици па ако некој е упатен да помогне со насоки и одговори.
Благодарам однапред
 

Kajgana Shop

На врв Bottom