Каде се иселивте и како?

Член од
11 декември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
5
Свесни сме на трендот на иселување, особено последниве неколку години. Јас имам роднини низ цел свет и сакам да те отселам од Мк, ама ете полесно речено, отколку што е сторено. Со кого и да правам муабет е истиот разговор (најдов работа, посредник, отидов на гости), но се се тоа општи одговори. Секако иселувањето не е лесна работа, но повеќето го прават како да е најлесното нешто на светот („Брат отидов Германија, се снајдов, се спасив од кај нас“ еден пример).

Па моето прашање е каде се иселивте, дали таа ви беше првобитната земја, какви предизвици имавте, како се снајдовте?

Знам дека секој има своја уникатна приказната, па споделете!:)
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
325
Поени од реакции
666
Прича немам, ама ако сакаш да се иселиш фати Хрватска или Словенија, таму другари отидоа со македонски документи. Друго со македонски документи, Косово, Албанија, Србија, се која од која економски поразвиена држава. Е сеа, ако имаш бугарски пасош, друга прича е одма. Ако имаш и плус си поткован со јазик, можеш онлајн да аплицираш и да направиш интервју, и ако те земат да идеш таму на сигурица.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Каде: Австралија,
Како: мачно, Skilled visa, 5 год. право на престој и работа.

Многумина нема да се согласат дека е предност, сепак јас го гледам како така, и ќе го ставам во предности: за да ја добиеш истата мораш да го зборуваш јазикот речиси на ниво на својот.
Дополнително, преведуваш се можно од документација, ти прават верификација на образование/работно искуство, останати документи, па кога конечно ќе ја добиеш визата си спремен за да влезеш во овој систем и да продолжиш со работа во она што си специјализиран.
После 3 години аплицираш за перманент виза, а после 5 години за државјанство, во најдобар случај во рок од 6 години може да добиеш во рака еден од најмоќните пасоши на светот. Како опција се исплати само на долг рок.

Недостатоци: скап, напорен и долг процес, далеку од дома, зезнато на старт додека да застанеш на стабилно тло (пак скап).

За фамилии не би препорачал ни да помислат за овој тип на преселба без да имаат минимум 30к евра во џеб или некој тука што би ги прибрал кога ќе слетаат (само процесот за визата кошта близу 10к), авионски карти, смештај (има сериозен недостаток на станови и е војна за да земеш недвижност под кирија, со месеци може да се заглави по краток смештај airbnb/booking), возило е речиси задолжително (огромна држава, недоволна фрекфенција на јавен превоз), високи трошоци и за храна/детски смештај и тн.
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.489
Каде: Австралија,
Како: мачно, Skilled visa, 5 год. право на престој и работа.

Многумина нема да се согласат дека е предност, сепак јас го гледам како така, и ќе го ставам во предности: за да ја добиеш истата мораш да го зборуваш јазикот речиси на ниво на својот.
Дополнително, преведуваш се можно од документација, ти прават верификација на образование/работно искуство, останати документи, па кога конечно ќе ја добиеш визата си спремен за да влезеш во овој систем и да продолжиш со работа во она што си специјализиран.
После 3 години аплицираш за перманент виза, а после 5 години за државјанство, во најдобар случај во рок од 6 години може да добиеш во рака еден од најмоќните пасоши на светот. Како опција се исплати само на долг рок.

Недостатоци: скап, напорен и долг процес, далеку од дома, зезнато на старт додека да застанеш на стабилно тло (пак скап).

За фамилии не би препорачал ни да помислат за овој тип на преселба без да имаат минимум 30к евра во џеб или некој тука што би ги прибрал кога ќе слетаат (само процесот за виза и визата кошта близу 10к), авионски карти, смештај (има сериозен недостаток на станови и е војна за да земеш недвижност под кирија, со месеци може да се заглави по краток смештај airbnb/booking), возило е речиси задолжително (огромна држава, недоволна фрекфенција на јавен превоз), високи трошоци и за храна/детски смештај и тн.
А која е причината точно за Австралија? Зошто не Канада, например?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.209
Од земјата на зајдисонцето се преселив во земјата на изгрејсонцето.

Се иселив од Ѓорче у Маџари. Сам, со бус и со куферот во рака.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.108
Каде: Америка,
Како: студент на почеток (Work and Travel), после тоа работна дозвола итн.

Не е лесно, знам многу што дојдоа и се вратија. Би препорачал играње на лотарија за зелена карта.
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
755
Поени од реакции
1.913
Kade : UK, prv pat dojdov vo Bristol
Koga : Ne se sekavam, Grujo dojde na vlast, mu prevedov edno 7-8 govori na angliski , vo stilot pisuvam na makedonski citaj na angliski ( Gud ivinig estimd congres and piirs .... ) , ova go pravev i za BC by the way :), i sitw pari potoa vlozeni vo delot kako podoly ( toa vreme me kostase okoly 7k evra )....

Kako : Rabotna viza, posle toa settled status i sega posle mnogy godini vo process na dobivanje britanski pasos.
Ako nekoj moze da prejde preku vremeto, i da se nauci da ima postojan nedostatok na vitamin d zemjava e fenomenalna.
Obrazovniot sistem e top iako e vo mal decline, uslovite za bilo koj sto ke vlozi trud mu se vraka , opstestvoto si ima zebancii...
Golema zemja e , dokolku sakas da ja setas vozilo ne mora , imas aerdeomi nasekade sto letaat lokalno, i ima sto da se vidi.
Za bilo koj sto e zainteresiran , site info za vizi se na www.gov.uk , i barajte tip na vizi.
Samo vnimtaelno vo mk ima mnogy manipulatori, poso nemame konzulat, nabliskiot bese viena mislam .....
Vrakanje vo mk .... Nikako, ja minavme taa linija vo pesokot odamna kako zemja, sega samo sluzime kako parazitno telo za Albancite i politicarite za zal....
 
E

enzo8

Гостин
Каде: Германија, Баерн.

Кога: Пред 7 месеци.

Како: Преку другар со кој пораснавме заедно, ми најде и работа и соба првично, после најдовме и стан. Он е тука одамна, добри 6-7 години и си има жена и дете, комплетно е запознаен со системот и со јазикот така да без него, сам, кур ќе скршев, буквално ми беше и очи и уши кога дојдов. Он одамна ми збореше, уште кога јас запишав факултет дека правам грешка и дека од Македонија леб нема туку да барам и јас чаре за горе, јас му реков, не заеби, сакам да се школувам, верувам дека ќе се снајдам. Години подоцна дојдов на негово.

Предизвици: Имаше многу, првично кога дојдов, работата што ја најде другар ми излезе превара, односно за тоа што се договориле и тоа што требаше да работам, беше тотално различно. Ајде тоа нема врска, ама ликот што ме запосли, бугарин главен, го фативме кај лаже и прави далавери. После 2 недели работа не добив никаков договор и не бев осигуран а ми беше тврдено од негова страна дека сум пријавен и легален, што со неколку повици, излезе дека не сум.
Во куќата кај што бев сместен делев спрат(кујна и ВЦ) со студент од Сирија, газдарицата беше фрик невиден, класична наци германка, уште пред да влезам сто пати ми нагласи како треба да е се чисто, средено, ова она за да проблемот да излезе многу поголем од првично прикажано. Ние од старт знаевме дека е фрик ама пошто немаше кај другде да идам, останав. Секој ден ми влегуваше во соба да контролира кога сум на работа, буквално секој ден, знам по тоа што ми помераше работи кои сум ги оставил на специфично место а неа тоа ја нервира. После два месеци констатно расправање и оставање белешки со строги правила и код на однесување, веќе неможев да издржам и бев спремен да се вратам во МК во минус и тоа е тоа. Ама за среќа, после констатно барање по интернет и звонење телефони, најдовме стан и сега еве веќе 5 месеци сум раат и фатив место и се опуштив.
Значи пазете околу работа и смештај во Германија, посебно со наши балканци, премногу преваранти ама доброто е тоа што системот функционира и ако ги знаеш законите, правилата, одма можеш да пријавиш/препознаеш превара затоа што овде се си функционира според закон и кога ќе влезеш во шема, многу е полесно да се снаоѓаш.
Јазикот е предизвик за оние што не знаат англиски, за тие што знаат, не е, лесен е за учење, доста сличности има, плус сите зборуваат и да си во зор и било како, со англиски ќе се снајдеш без проблем, бар од мое досегашно искуство. После цепај дуолинго и јутуб.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Каде: Чешка
Како: Македонски пасош и работна виза, аплицирав у IT фирма, добив договор, со договорот земав виза, најдов стан и се преселив.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Каде: Македонија
Како: Зимаш потиш газот учиш и се надоградуваш професионално во ИТ, аплицираш за работа во странсвто и цепаш работа од дома.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.489
Каде: Македонија
Како: Зимаш потиш газот учиш и се надоградуваш професионално во ИТ, аплицираш за работа во странсвто и цепаш работа од дома.
И од каде се досели?
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.217
Каде: Македонија
Како: Зимаш потиш газот учиш и се надоградуваш професионално во ИТ, аплицираш за работа во странсвто и цепаш работа од дома.
Европска плата на Македонски стандард = Бинго :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom