Го уапсиле, малтретирале и што ти знам, поради тоа дали анкетите биле лажни или вистински?
Во сред кампања си седат и викаат, дај бе ќе го малтретираме Фуркан, ептен ќе го исплашиме? Баш тоа им треба во кампања да се зборува дека малтретираат новинари и тоа откако имаше нешто за нападнат новинар на оној митинг пред влада.
Кој верува во ова?
Дури и да не правел глупости и да бил најпримерен во публика, да немало никаква позадина, а само реагирал затоа што некое дете било неправедно тепано, како што вели, во таа гужва, џандарите, типично за нив, го собрале затоа што им се мешал. Со голем дел од нив тешко можеш да се разбереш и во мирна ситуација, а камоли во гужва.