Значи како што очекував на мојата теорија .
Левица ќе одат на својата прва позиција , самостојно или пак во зависност од точки на гласање , ќе оди прво против Сдс и ДУи како главни ривали . Вмро е во секударна позиција .
Главна цел на Левица е да биде главна партија од левата страна на македонскиот блок и да ги тргне Сдс .
За разлика од непостојаните ставови на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, ставовите на Левица се концизни и непроменливи. Лидерот на Левица, на посоченото гостување од кое ДПМНЕ вади неосновани наслови, јасно и отворено ги истакна политичките непријатели и мисијата на Левица:
„Левица е направена за да дојде на власт. Таков е концептот, но не по секоја цена. Нас не ни е шубе да почекаме. Впрочем ако гледаме хронолошки, двајцата мои архи-непријатели, сега се во политичка пензија. Тоа се Груевски и Заев. Еве го и Таче си отиде, Таче нема ни да се врати. Значи ние педантно и паметно си ја развиваме и структурата и партијата. Така што ние имаме големи планови и не по секоја цена би се испрљале со влегување во власт како Алијанса и другите – со две министерски, со пет министерски места, со 100 вработувања. Нема такви пазари со нас. Платформа! Или се договараме политички, па после за кадровски ќе зборуваме, или не се договараме воопшто, си шибаме во опозиција.
Доволна причина за да гласам за Левица.