Да не звучам како теткиците/експертите од фб кои изнесоа триста теории, ама чим монструмите не кажуваат каде е телото, којзнае што му имаат направено за да се ослободат и никогаш да не биде најдено...
Веројатно и ќе пропее некој за скоро време, ама којзнае дали нешто е останато од телото на девојчето.
Не излегуваат овие живи од затвор во секој случај, ама иако не сум наивна Црвенкапа и скоро ништо не може да ме изненади во денешно време, стварно тешко ми е да си објаснам какви креатури постојат и со какви суштества делиме воздух, на само стотици километри од нас.
Добро бе, путка му мајчина, како можеа да се погодат толку многу психопати на едно место?!
Прво, тие двајцата го удираат девојчето со колата и како може во истиот момент да не помислат да го однесат девојчето во болница, чим возеле 20км/ч огромни се шансите девојчето да е живо. Напротив, тие (според она што ни е познато) веднаш го ставаат девојчето во кола и тргнуваат да се ослободат од телото.
Второ, по пат ги сретнува таткото и ги прашува дали виделе некаде девојче по патот и овие мртви сериозни одговараат одречно!!!
Трето, едниот од нив истиот ден подоцна се приклучува во потрагата по девојчето заедно со останатите соселани и полицијата!!!
Четврто, два дена после тоа, едниот од нив заедно со брат му и татко му одат од депонијата да го земат телото и да се ослободат од него со цел никогаш да не биде пронајдено! Па, пичка му материна, овие двајца се позабегани и од него, чим наместо да го пријават, они се решаваат да му помогнат во намерата..
Петто, сите овие (најмалку четворица до сега) десет дена мува не ги лази, кај ниеден од нив не проработува совеста да се пријави во полиција, да се обеси или да се фрли од некој мост.. Не не, напротив. Ќутат како пички додека цел Балкан и пола Европа десет дена зборува за потрагата по девојчето и додека низ медиумите се редат теории од час во час, од минута во минута. Де мајката си го убила детето, де таткото е вмешан, де киднапирано е, де го продале двајцата, де само мајката го продала (некаде и сума стоеше, околу 100.000 евра мислам), па некои Романки лезбејки го украле, па куче ја изело, па орел ја грабнал и што уште не.
И за цело време овие (најмалку) четворица глумат загрижени граѓани и никој не помислува на било кој начин да ја каже вистината. Дури ни сега, кога веќе признале дека се криви и дека го убиле детето, не сакаат да кажат каде е телото, т.е. што направиле со него и дали воопшто може да се најде...
И да не го заборавиме најгрозниот момент, според мвр на Србија, идиотите признале дека детето БИЛО ЖИВО, се освестило и едниот од нив го задушил.
Пак ќе повторам, не сум ни Црвенкапа, ниту сметам дека светот е розов и во него само цветаат ружи, ама ова е too much.