Исчезнати лица

Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.952
Поени од реакции
8.134
Треба едно да знаете, Балкан (распадната Југославија) = операција од одговорност.

Што поточно значи ова?
На три години крадеш чоколадо од својот брат и криеш без срце да ти затрепери кога ќе те прашаат каде мистериозно исчезна.
На седум години кршиш играчка/објект и ја оставаш во ситуација полупоправена за наредната личност што ке ја допре да ја скрши и да се префрли кривицата.
На четрнаесет години откако твојот другар успева да фати убава девојка, лажеш како неа ја има поминато цел град и колку таа не е за него, за откако ќе се скараат по два месеци ти да ја присвоиш.
На 19 години правиш сообрајќајна несреќа, бегаш од настанот и ако има доволно докази, твојот татко опериран од одговорност се пријавува дека го управувал возилото.
На 27 години, правиш хаварија во фирмата каде што работиш, успеваш да прикриеш колку што можеш и кривицата ја сноси другата смена.
На 37 години твоето дете добива постојано опомени за лошо однесување на училиште, ги окривуваш учителите наместо да видиш колку си потфрлил сам во неговото воспитување.
На 50 години прегазуваш дете, го задавуваш полу-живо и го носиш на депонија.

Луѓе, не заборавајте на кое поднебје живеете и дека ова е една од последните фази на канцер. Толку е метастазирано што никаква хемотерапија не може да помогне. Овој менталитет се гради уште во утробата на мајкатаи и продолжува да се развива додека не го отавиш во наследство на твоите внуци. Па јас речиси и да не познавам човек кој искрено ќе признае грешка и ќе сноси одговорност без разлика дали е во блага или вака грозна смисла.

1712421023761.png

Секоја година е истата приказна само различен е субјектот. Едноставно е немилосрдни сме како народ без разлика дали се работи за куче, 70 годишен старец или 2 годишно дете
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.370
Поени од реакции
6.972
Според новите информации, таткото и братот на едниот од монструмиве, му помогнале да ја премести од депонијата. Цела фамилија монструми. Не знам кој е, ама и двајцата татковци ги имаше по медиуми даваа изјави како не веруваат дека нивните деца нешто направиле.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.375
Поени од реакции
33.479
Ај што направиле срање, ај што усрале уште повеќе... Туку и татковци/браќа вмешале... Ај што ги вмешале татковци/браќа, туку и ги откуцале пред полиција кога и онака се сјебани без можност за милост (која и не смее да ја има).

@Rollo Tomassi џабе анализирање вакви ментоси, не можеш здрава логика да примениш тука.
Нормален човек ако (скраја да е) му се деси да удри дете, ќе го земе и сместа ќе го носи во болница - па јебем ти што ќе биде после со него. Овие се очигледно подлуѓе, без минимум човечко во нив... Знаеш што е страшното? Ги гледам таквите и овде.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.822
Поени од реакции
20.230
Се сеќавам на татко ми му се случи дете да му истрча пред камион, среќа он полека возел, па детето го земал во раце и право во итна, човекот со недели не јадеше додека детето не беше пуштено, имаше само скршена рака, секој ден одеше и им се извинуваше на родителите и ако не беше негова вина, дете е тоа. Кај ќе им оди душата на овие скапанициве, се надевам ќе си платат во затвор до задна капка за вакво монструозно дело.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.322
Поени од реакции
18.547
Според новите информации, таткото и братот на едниот од монструмиве, му помогнале да ја премести од депонијата. Цела фамилија монструми. Не знам кој е, ама и двајцата татковци ги имаше по медиуми даваа изјави како не веруваат дека нивните деца нешто направиле.
Додека го слушав таткото на еден од гнасите, како се жали дека му ја ископале бавчата, и онака лабаво без трунка совест вика "не неее не се тие" ми идеше в телевизор да влезам од нерва.

Одма можиш да видиш за какви особи станува збор, мртви незакопани, му го зедоа цел живот на детенцето и на фамилијата нејзина.
Не постои казна која ќе биди доволна за нив, единствено да се врати како пред неколку века, да ги дерат пред цела нација јавно пред сите
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
999
Поени од реакции
3.989
Па српските села изобилуваат со изопачени ликови, сме биле сведоци и на далеку погрозоморни убиства. Всушност, честопати во нивните села, особено меѓу бројните стари ергени што љокаат пред коперација деноноќно, има вакви психопати.
За Македонија би ги издвоил Охридските села, дефинитивно најопасни и најнезгодни луѓе живеат таму а ако добро ме држи памтењето и неколку сериски убијци имаат извадено
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.322
Поени од реакции
18.547
Член од
14 април 2012
Мислења
32.470
Поени од реакции
65.774
Како што излегуваат нови информации, случајот добива се поморничав епилог. Како е можно да има толку психопати, уште малку ке излезе дека десетмина знаеле што се случило со девојчето, а кај ниту еден не проработило човечкото.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Кој знае што ќе испадне на крај. Тело нема, знаеме дека ја удриле и го фрлиле телото, ама ништо не знаеме уствари.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.042
Поени од реакции
1.989
Само руски техники на испрашување, терористите за 10 часа изгледаа 20 години постаро, така и за овие.
Не треба никакво сожалување или човекови права за ваквите.
Имаш признание доволно е ако сака нека биде и да лежат за друг во што се сомневам, но хипотетички кажано испраќаш порака така за наредните.
Исто и за оној од Младеновац.

Тешки дела не треба да поминуваат само со затворска казна.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom