Каде: Германија, Баерн.
Кога: Пред 7 месеци.
Како: Преку другар со кој пораснавме заедно, ми најде и работа и соба првично, после најдовме и стан. Он е тука одамна, добри 6-7 години и си има жена и дете, комплетно е запознаен со системот и со јазикот така да без него, сам, кур ќе скршев, буквално ми беше и очи и уши кога дојдов. Он одамна ми збореше, уште кога јас запишав факултет дека правам грешка и дека од Македонија леб нема туку да барам и јас чаре за горе, јас му реков, не заеби, сакам да се школувам, верувам дека ќе се снајдам. Години подоцна дојдов на негово.
Предизвици: Имаше многу, првично кога дојдов, работата што ја најде другар ми излезе превара, односно за тоа што се договориле и тоа што требаше да работам, беше тотално различно. Ајде тоа нема врска, ама ликот што ме запосли, бугарин главен, го фативме кај лаже и прави далавери. После 2 недели работа не добив никаков договор и не бев осигуран а ми беше тврдено од негова страна дека сум пријавен и легален, што со неколку повици, излезе дека не сум.
Во куќата кај што бев сместен делев спрат(кујна и ВЦ) со студент од Сирија, газдарицата беше фрик невиден, класична наци германка, уште пред да влезам сто пати ми нагласи како треба да е се чисто, средено, ова она за да проблемот да излезе многу поголем од првично прикажано. Ние од старт знаевме дека е фрик ама пошто немаше кај другде да идам, останав. Секој ден ми влегуваше во соба да контролира кога сум на работа, буквално секој ден, знам по тоа што ми помераше работи кои сум ги оставил на специфично место а неа тоа ја нервира. После два месеци констатно расправање и оставање белешки со строги правила и код на однесување, веќе неможев да издржам и бев спремен да се вратам во МК во минус и тоа е тоа. Ама за среќа, после констатно барање по интернет и звонење телефони, најдовме стан и сега еве веќе 5 месеци сум раат и фатив место и се опуштив.
Значи пазете околу работа и смештај во Германија, посебно со наши балканци, премногу преваранти ама доброто е тоа што системот функционира и ако ги знаеш законите, правилата, одма можеш да пријавиш/препознаеш превара затоа што овде се си функционира според закон и кога ќе влезеш во шема, многу е полесно да се снаоѓаш.
Јазикот е предизвик за оние што не знаат англиски, за тие што знаат, не е, лесен е за учење, доста сличности има, плус сите зборуваат и да си во зор и било како, со англиски ќе се снајдеш без проблем, бар од мое досегашно искуство. После цепај дуолинго и јутуб.