Разјаснување на целата случка
Движењето на мајката
13:10 - Мајката пристигнала со децата на имотот. Децата биле во дворот и си играле. Тогаш ги и фотографирала.
13:22 - Му ги пратила на сопругот последните фотографии од децата. Синот и побарал вода, која била во автомобилот оддалечен неколку метри од нив. Додека ја зела водата и се вратила, сфатила дека Данка ја нема.
13:41- Му се јавила на сопругот.
13:45 - Сопругот пристигнал на имотот.
13:52 Мајката, барајќи го детето, видела бел автомобил и маж кој стои до него. За кој подоцна се испоставило дека биле баш осомничените.
За да ја истржат приказната на мајката, ги вратиле камерите уште од дома, од станот, како и телефонските податоци, па се натаму каде се движела со колата.
Истовремено, по таа рута, ги провериле и сите други кои се движеле во тој период.
13:55 - Пристигнала и полицијата.
13:59 - Полицијата веќе излегла на терен.
Данка излегла од дворот и се движела по асфалтот. Тоа го потврдиле 2 очевидци.
Движењето на убијците
13:20 Убијците пристигнале на тамошна улица. Имале работна задача, да поправат/проверат некоја шахта.
13:50 На камерите е забележано дека возилото застанало кај капијата во тоа време, што се поклопува со времето на исчезнувањето на Данка.
На капијата биле 2 и пол минути. Застанале за да отидат до тоалет. Потоа кога тргнале, ја удриле Данка на некои 30-40 метри од местото од каде застанале.
Тука едниот излегол и веднаш Данка ја ставил на задното седиште, преку алатот.
Во текот на возењето се договориле некаде телото да го фрлат.
13:55 Движењето на возилото е забележано на камерите, и истото се движело на споредната улица.
13:57 Ги застанал таткото на Данка кој бил во својот автомобил да ги праша дали некаде го виделе девојчето.
14:00 - На излезот од Банско Поле, оделе по некој стар пат и стасале до депонијата. Таму се задржале 1 минута и 45 секунди. Го фрлиле детето на место каде имало многу ѓубре.
Потоа се вратиле во фирмата и го оставиле возилото. Едниот подоцна во текот на денот отишол да помага да го "најдат" детето.