Исчезнати лица

Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.894
На онаа претходната статија што си ја постирал текстот вика дека возеле брзо со кола, ја удриле и ја фрлиле у депонија па ја чистеле колата со хемии и се враќале 2-3 пати да ја дозакопуваат и кријат.

Овој од видеово вика дека споро возеле ама биле премногу пијани, па плачело девојчето па тој ја давел.

Сеа србиве уште толку ќе отидат у екстремности и забеготини со тоа нивните ретардирани теории.
А и кој е овој уствари што најавува што ќе каже полицијата?
Приватни детективи, теории на заговор, Виена миена, мајката пораки бришела, гуглала гранични премини, ја шитнала за 120к евра, бог да чува и да брани тешки забеготини се србиве а и општо народов што живее тука. Ретардирани сме до максимум.

Имаше пред неколку години една случка кај мене за еден дечко исчезнат, го немаше со денови и летаа страшни теории на заговор дека е киднапиран, дека го виделе у Штип, дека истиот затемнет и црн џип пак циркулирал низ населба, дека се јавил од таму не знам каде, бла бла, на крај се испостави дека дечкото од ден број еден бил спржен у трансформатор пошто се обидувал да краде кабли бакар.

Исто и сеа со Вања коа беше, искочија слики со едно комбе дека крадело деца кај мене у населба, му улетале специјалци на човекот го извадиле од памет, а тој брашно и пченица си превезувал со комбето, си работел со него едноставно.
Па и ние не бевме нешто подобри кога исчезна Вања. И кај нас имаше милион теории и шпекулации, дури се идеше до степен да се преиспитува имотот на мајката, таткото, дедото.

Тоа е. Интернетот и социјалните мрежи ни ја даваат таа привилегија (која патем гледно е казна колку што и благослов). Луѓето ќе зборат, ќе се прават и детективи, и адвокати, и доктори, и професори.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.201
Поени од реакции
16.622
Site tie sto maliciozno pravea teorii i gi pustaa javno - samo za citanost, za toa kako majkata si ja prodala kerkata ili ucestvuvala vo zlocinot, i slicni na toa teorii, isto kako i slucajot so Vanja, dokolku postoi nekakva pravda, kosmicka, Bozja, karmicna, univerzalna, kakva i da e, zasluzuvaat edna od najteskite kazni, zasto vidi, dovolno teska, i preteska e situacijata da ne znaes kade e tvoeto najmilo, bi kazal mozebi i nesto najstrasno na svetot e toa, i zgora na toa nekoj da te pravi ubiec na svoeto dete, toa zasluzuva najbolna i najteska kazna.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.755
Поени од реакции
8.300
Па и ние не бевме нешто подобри кога исчезна Вања. И кај нас имаше милион теории и шпекулации, дури се идеше до степен да се преиспитува имотот на мајката, таткото, дедото.

Тоа е. Интернетот и социјалните мрежи ни ја даваат таа привилегија (која патем гледно е казна колку што и благослов). Луѓето ќе зборат, ќе се прават и детективи, и адвокати, и доктори, и професори.
Види тоа што сме склони кон заговори тоа е една работа.

Али да бидеме реални, имаше ли некаков епилог истрагата за Вања и Панче? Немаше никаков епилог. Палчо го нема, таткото го држат во притвор без обвинение, тие пациентите што ги уапсија и викаа признале убиство "исчезнаа".

И како сакаш да нема склоност кон заговори во ваква ситуација кога се се одработува непрофесионално и ништо нема јасен епилог.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.596
Поени од реакции
17.283
Еве ви го Информер со инсајдерските информации од полиција IMG_20240404_125812.jpg Screenshot_2024-04-04-12-54-24-686-edit_com.android.chrome.jpg
Ни срам ни перде еден куп информации извадија

Гарант мајката не е во состојба ама некој од семејството да му акни една тужба на сите овие новинари кои се расфрлаа со секакви информации, идиоти ненормални.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
На онаа претходната статија што си ја постирал текстот вика дека возеле брзо со кола, ја удриле и ја фрлиле у депонија па ја чистеле колата со хемии и се враќале 2-3 пати да ја дозакопуваат и кријат.
не знам која статија, но ако е од полицијата официјално, тие сеуште не знаат каде е телото на детето. Десет дена копаа таму, ништо не најдоа.
Што се однесува до теориите за Виена и слични, самиот МУП на Србија има издадено потерница и се проверувани гранични премини, самиот МУП стопати ги викал родителите на разговор.
Тоа не беа теории, тоа беа можности, веројатно ништо не се остава на случајност.
И за секој ваков случај и овде и во светот, различни медиуми различно известуваат, зависно од целта (дез-информации) и изворот.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.596
Поени од реакции
17.283
Како бе го давел детето до смрт? Вистина е ова?
Па којзнае, не верувам.
Инфото е од тие истите шо еднаш викаа дека мајката го гуглала граничниот премин, после тоа викаа дека ја виделе во Виена, па после викаа дека ја изгазија и ја довеле, па на крај ја изгазиле и ја фрлиле во депонија.
Овие како намерно да се расфрлаат со информации да го замајуваат народот
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.070
Поени од реакции
36.717
Види му фаца бре, прав производ на таа вештачката паразитска творевина Југославија.

Тешки ретардоси излегоа од таа генерација, неможеа да фатат чекор со времето и умреа со државата. Мртов незакопан е овој.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Еве ви го Информер со инсајдерските информации од полицијаПрегледај го приврзокот 411754Прегледај го приврзокот 411755
Ни срам ни перде еден куп информации извадија

Гарант мајката не е во состојба ама некој од семејството да му акни една тужба на сите овие новинари кои се расфрлаа со секакви информации, идиоти ненормални.
Дали некој ја знае вистината? Можеби МУП кој издал потерница можда за да ја одведе јавноста во погрешна насока?
Ако почнеме со можда и со недоверба кон сите медиуми, можда и снимката е направена со одредена цел?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.596
Поени од реакции
17.283
Тргнуваш да ги отчиташ водомерите, несвесно удираш во дете, и наместо да повикаш одма брза помош и да пријавиш во полиција тебе прво шо ти текнува на памет е како да се отарасиш од телото и го фрлаш во депонија.
Десет дена да скапва таму тело од две годишно дете.
Притоа ја влечиш цела нација и пошироко за нос, се надеваш дека некако ќе се извлечеш, гледаш како мајката е распната на социјалните мрежи и медиуми, притоа бремена, и мува не те лази, си викаш ќути куртуливме ...
Па која е таа казна за овие монструми бе луѓе ? Не постои казна за овој грозоморен злочин.
Со какви монструми ние живееме бре ???
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.596
Поени од реакции
17.283
Дали некој ја знае вистината? Можеби МУП кој издал потерница можда за да ја одведе јавноста во погрешна насока?
Ако почнеме со можда и со недоверба кон сите медиуми, можда и снимката е направена со одредена цел?
Па не можи во еден ден да пишат две различни теории.
Прво ја обвинија мајката, сега испаѓа друго
Од кај му е нив инфото дека мајката гуглала граничен премин ?
Страшно како го користат секој немил настан за кликови и внимание
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.918
Поени од реакции
63.820
Eдно не можам да разберам. Совозачот никако не би одговарал доколку би викнале полиција веднаш, и би се обиделе да му помогнат на девојчето. Апсолутно за ништо не би бил крив како совозач. Дебилов се сложил да му помогне на шоферот да го убијат детето(доколку е вистина), да го скријат телото, и сега го чека робија.

Плус, каква е коинциденцијава вакви 2 монструми да се во иста кола, зарем барем кај еден од нив не проработало човечкото? Одговорност, солидарност, хуманост. Со какви психопати живееме.

Ја ви им дал на семејството на малата Данка да им судат и на двајцата.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Сите ги заборавија убијците на девојчето и чичкото во Македонија. И убиецот на Пино. И други убиства.
Па не можи во еден ден да пишат две различни теории.
Прво ја обвинија мајката, сега испаѓа друго
Од кај му е нив инфото дека мајката гуглала граничен премин ?
Страшно како го користат секој немил настан за кликови и внимание
слушни го инспекторот Жарко, покрај кликбејтс постои вели и тактика на намерно ширење дезинформации. Ја безбедност не сум учел, но ова ми е многу логички со дезинформацииве.
За кои ја еве лично не знам веќе што е вистина, што не. Ама еве, телото уште не можат да го најдат, 10 дена копаат и трагаат.

битно не заврши како што се надав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom