Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.619
- Поени од реакции
- 35.115
Џабе си студирал во Охрид, очигледно не знаеш како е4 години студирав Охрид, така да добро ми е познато, кажувајте му на некој што не знае што е како е
Во тие 4 години си требало да научиш дека местото кое си го посочил, важи за едно од најскапите места. Ако си седнал свесно тогаш немаш право да се буниш дека било скапо.
Сега да отидеш и да ги евидентираш посетителите таму, од 50 седнати луѓе 20 ќе се од Скопје и 30 ќе се странци, таму охриѓанец нема да најдеш. Таму ќе најдеш луѓе кои цената не им влијае на домашниот буџет и не ги интересира колку ќе платат и луѓе кои седнуваат со намера „види кај сум, види кај пијам кафе“ и 156 фотки од кафето пред нив, а езерото во позадина. И зошто газдата би ги намалил цените, ако немаш празен стол, ако се бара маса повеќе?
Од една страна сакаш да пиеш кафе и да си ги ладиш во езерото, а од друга страна правиш споредби со Стење. А во Стење не ти пречи да го бараш езерото со двоглед.
Ти изгледа мислиш дека охриѓани не мрднале подалеку од Лакочереј и Косел, па се расфрлаш со цените на еспресо во Венеција од 0,35 евра.
Ќе ти верувам дека си пиел еспресо во Венеција за 0,35 евра, единствено ако си го купил од кафемат, во спротивно нема теоретски шанси. Следниот пат кога ќе одиш седни да се напиеш кафе во Флориан, па јави ни колку ќе ти биде сметката.
Инаку и во Охрид имаме кафемати по кеј, па може да си земеш кафе за 30 денари или слободно спреми си од дома кафе во термос, па пиј си по пат. Никој не те брани. Демократија.
И охриѓани пијат кафе по кеј, не се грижи дека кафе пијат кај црногорцине и кај баракине, ама плаќаат нормални и пристојни цени, затоа што одат на места кои имаат таква понуда.