ПА не може да дефинираме култ како нешто погрешно, сатанистичко и кое што асоцира на перење ум и правење како ќе ти кажат „таму некои многу јаки луѓе“. Тоа треба да е минато, таквото мислење... што сме ние, овци, како ќе ни кажат така јет?
Не може така...
1. Сатанизмот како религија го подразбира Сатаната како апстрактен принцип на природата, а многу ретко како личност т.е. супериорно битие. Иако претставува одговор на христијанството од големите организации и една форма на опозиција на доктрините од тие организации, таа нема нешто заедничко со христијанските поими Бог, Сатана, Пекол, демони или зло. Сатанистите кои ја прифаќаат идејата за постоење на Сатаната како личност, не искажуваат вера и преданост слично на христијаните или припадниците од некои други големи религии.
поред Сатанистичките учења Сатаната има предхристијанска-паганска форма на Ѓавол или египетскиот бог Сет; луѓето го создале поимот на Бог, а сатанистот не треба да го прифати глупавиот - веќе создаден облик туку сам да си најде за себе погоден облик, бидејќи Бог не е личност, туку сила на природата која тој ја доживува на свој начин. Пеколот и Рај не постојат - тоа се лаги и измислици. Треба да се ослободат и задоволат анималните страсти, да се биде насочен на уживање во земските задоволства, на моќ и вештина кон нивно придобивање. Се тежнее кон сила, самостојност, лукавост и интелигенција, се негира самоспознанието, вредноста на мистичното искуство, духовниот развој, хуманизмот.
2. ЛаВеј бил само поп симбол и чиста философија и мудрување, или што викаш атеистички... не знам дали има некаде податоци за ритуали и обожување од негова страна или запишано во некои дневници...
3. Симболичкиот сатанизам е глупост и такви ги има во секоја религија и учење, разводенување, сакаме секс но да не се соблекуваме и никој да не може да не види голи