Исчезнати лица

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.643
Поени од реакции
9.928
Тоа дека сама залутала шанса нема. Толкави деца трчаат, бегаат подалеку, ама ќе застанат, ќе се свртат и кога ќе видат дека нема никој познат почнуваат да плачат и паничат и седат во место. Таа теорија сосема треба да биде елиминирана.

Да не грешам душа, ама не верувам дека е киднапирана од некои предатори, него зад се ова мислам дека стојат најблиските.

Ваљда и се надевам дека полицијата има спремни и способни и психолози, па ќе си проценат или ќе добијат признание од некој од блиските.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.981
Поени од реакции
67.784
Голема е веројатноста дека е земена. Имам керкичка од 2 години, и повеќе од 2 километри пешачење, и почнува да плаче да ја земеш во раце.

Овие не ја нашле на 10 хектари пребарана површина.

Не ни сакам да замислам како им е на родителите.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.495
Поени од реакции
10.398

Да не грешам душа, но нешто ми е многу сомнителна цела работа, да се надеваме дека не се вмешани родителите во ова исчезнување.:(
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
4.360
Со оглед на брзината со која го снемало девојчето и со оглед дека се работи за место кое е рурално, не треба да се исклучи и можноста да е земено и од некој орел или сокол.... Има такви птици кои за секунда дигаат јагне, овца.... и имам слушано за случаи кога биле дигнати и деца. За детето што пред неколку години го снема во Мариово, човек што добро го познава теренот таму е на мислење односно е убеден дека е дигнато од птица, таму имало огромни птици...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.343
Поени од реакции
6.027
Изјавата на мајката нема логика, дека таа исчезнала откако влегла само да наполни вода дома, значи детенце од 2 години да го снема во радиус од 10 км во рок од пет минути нема шанса. Тој дел таму како шо објаснуваат мештаните е тешко пристапен, трнливи обраснати гранки, значи да се протне и да залута во шумата тешка и невозможна работа.
Родителите на девојчето се во полиција на распит, а со багери се прекопува цела околина околу нивната куќа. Не сакам ни да помислам со какви индиции го прават тоа...

бтв. Мајката одбила да ја стават на полиграф.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.342
Поени од реакции
19.805

Сега го гледав видеото.
Мајката не оди на полиграф оти е бремена.
На жалост помислувам на најлошото ако багери го копаат местото :(
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.495
Поени од реакции
10.398
Сега го гледав видеото.
Мајката не оди на полиграф оти е бремена.
На жалост помислувам на најлошото ако багери го копаат местото :(
Зарем штети нешто полиграфот на бременоста!?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
4.360
Сега го гледав видеото.
Мајката не оди на полиграф оти е бремена.
На жалост помислувам на најлошото ако багери го копаат местото :(
А каква врска има полиграф со бременост? Мислам дека нема никакво зрачење или било што друго што може да и наштети на бременоста...
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.869
Поени од реакции
8.434
Со оглед на брзината со која го снемало девојчето и со оглед дека се работи за место кое е рурално, не треба да се исклучи и можноста да е земено и од некој орел или сокол.... Има такви птици кои за секунда дигаат јагне, овца.... и имам слушано за случаи кога биле дигнати и деца. За детето што пред неколку години го снема во Мариово, човек што добро го познава теренот таму е на мислење односно е убеден дека е дигнато од птица, таму имало огромни птици...
Како бе орел или сокол ја земал а мајката нема да пријави или било кој комшија дека слушнал врисок? Чавка да те кљукне на глава ќе вриснеш не па орел да ти зарие канџи на грб/рамо.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.342
Поени од реакции
19.805
Зарем штети нешто полиграфот на бременоста!?
А каква врска има полиграф со бременост? Мислам дека нема никакво зрачење или било што друго што може да и наштети на бременоста...
Screenshot_2024-03-28-13-52-59-380-edit_com.android.chrome.jpg

Инаку местото го расчистуваат со багери оти онде реално е дувло, трња има и најверојатно ја отежнува истрагата, моја претпоставка ова, не се знае ништо официјално.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.483
Да не грешам душа, но нешто ми е многу сомнителна цела работа, да се надеваме дека не се вмешани родителите во ова исчезнување.:(
А мене не ми е јасно зошто во старт сите ги напаѓаат родителите?

Јас колку што сфатив детето било оставено кратко време во дворот, а не во паркот? Не дека е нормално да оставиш и само двегодишно дете во дворот, ама може ете за кратко го оставила? Не знам.

Во секој случај, детето не може само туку така да избега.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
4.360
Како бе орел или сокол ја земал а мајката нема да пријави или било кој комшија дека слушнал врисок? Чавка да те кљукне на глава ќе вриснеш не па орел да ти зарие канџи на грб/рамо.
Нешто вакво, за секунда дига животно кое е многу потешко и посилно од двегодишно дете...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.495
Поени од реакции
10.398
А мене не ми е јасно зошто во старт сите ги напаѓаат родителите?

Јас колку што сфатив детето било оставено кратко време во дворот, а не во паркот? Не дека е нормално да оставиш и само двегодишно дете во дворот, ама може ете за кратко го оставила? Не знам.

Во секој случај, детето не може само туку така да избега.
Не, неее...не ги напаѓам, затоа реков да не грешам душа, само ми е сомнителна работата...ајде да оставиме истрагата до каде ке дојде, да се надеваме дека девојчето е живо и здраво.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
795
Поени од реакции
1.669
Како бе орел или сокол ја земал а мајката нема да пријави или било кој комшија дека слушнал врисок? Чавка да те кљукне на глава ќе вриснеш не па орел да ти зарие канџи на грб/рамо.
Колку и да звучи заебано, Лазар има до некаде право за големиве птици.Ретки се ваквите случаеви ама одвреме-навреме и тоа ќе се случи.При вакви ситуации жртвата не мора да значи дека ќе вриска.Можно е да доживее инстант шок во моментот.
Е сега која е точната вистина во приказнава тоа е друга работа.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.343
Поени од реакции
6.027
Јас колку што сфатив детето било оставено кратко време во дворот, а не во паркот? Не дека е нормално да оставиш и само двегодишно дете во дворот, ама може ете за кратко го оставила? Не знам.
Абе да оставиш 2 годишно дете само 1,5 минута, и да не можеш да го најдеш 10 км радиус од куќата, мислам дека има нешто скриено тука. Не велам дека се родителите и слично, ама има нешто што се крие...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom