Не пржи,не боли што да ти речам..Ние тоа со РК Вардар што го доживеавме (двократен европски шампион) и ФК Вардар (групна фаза Лига Европа) вие нема да го доживеете цел живот,е тоа ве боли и тука лежи вашата фрустрација спрема нас,затоа и бевте толку опседнати да играте Лига Шампиони па после една сезона увидовте дека не сте ни приближно тој калибар за кој се сметате па малце се спуштивте на земја и битка водите во ваква лига за титула па ви се намалија апетитите .Откако увидовте дека никогаш нема да ви успее тоа што му успеа на Вардар,вашата патетична фрустрација си ја лечите со мислата дека РК Вардар бил државен проект и само затоа е двократен Европски шампион. Еден погоре напишал дека поради тоа двата колективи ни пропаднале,па да направиме споредба.РК Вардар и покрај се што се случи минативе сезони,огромни промени во играчки кадар,повреди,се уште во битка за титула,рамо до рамо со вашиот тим кој има 10 пати поголем буџет.ФК Вардар - 1ва МФЛ,покрај се и против сите,во добра позиција за опстанок и наредна сезона во ПМФЛ. ФК Пелистер - 2ра МФЛ. Да се соочевте вие со проблемите со кои ние се соочивме ќе згасневте ко клуб,верувајте.Да не беа Комити и моменталното членство на групата како што е сега,ќе згасневме и ние.Еден од вас не кажа реално како стојат работите.Преокупирани сте со нас,но на многу погрешен начин.Се надевам на јак Вардар и Пелистер секогаш и во иднина,но како група и колектив треба уште многу да вложите и да се потрудите за моменталното наше ниво.Поздрав.