Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.252
- Поени од реакции
- 19.549
Друже, не биди смешен, гледај реално на работите.Во право сте се што напишавте,но овој тим играше во ЛШ и знаеме како помина.Факт дека тим за ЛШ се бори за титула во домашно првенство.И ако ова ви е сатисфакција за неуспехот во ЛШ тогаш е во ред.
Не е поентата само да напишиш нешто, размисли логично прво.
Ако следиш ракомет барем 1 година, ќе имаш некоја основна претстава за силината на групата во ЛШ.
Kаков e тој "неуспех" кога си во група со Кил, Псж, Алборг, Киелце, Колстад, Пик Сегед и Загреб ( кој има 4 милиони евра буџет).?
Останатите екипи имаат над 5 милиони евра буџет и играчи од светска класа, кои секоја сезона се во завршниците на клубските и репрезентативните натпреварувања. .
Ако очекуваше рајата ( надвор од БТ) во Македонија дека Пелистер ќе има серија победи во оваа група, тогаш навистина народот ( и пред се бројните куртонски квази спортски порталчиња кои никнуваат ко печурки по дожд) овде не разбираат ракомет и живеат сеуште во ерата на Самсоненко ( знаеме како заврши таа приказна на финансиски план). .
Ракометот овие неколку сезони прогресира страшно и не е лесно да следиш тренд и да напрајш квалитетен тим.
Можеше да се земат бод(ови) со Загреб и Сегед дома,ама и 1 бод или 2 немаше да сменат нешто на крај, епилогот е реален и очекуван и никој шо разбира барем малку ракомет не треба да биди разочаран со пласманот во ЛШ.
Самото учество донесе многу, за клубот, за публиката и за градот.
Нема сега во ЛШ екипи како Мотор, Мешков, Медведи и слично, како на времето кога играа Металург и Вардар па можеше полесно да скиниш некој бод.
Едно се желби, сосема друго е реалност.
Да бевме во другата група, со екипи со Цеље, Порто, Гог, па и Висла можеби би имале некоја шанса за бодови,
Во групата во која бевме, илузорно беше да се надеваме на било шо освен на чесен настап.
Јак европски тим се гради долго време, со континуирани вложувања во база на домашни играчи, правилна селекција на странци и вложување во инфраструкура, не можи преку ноќ, со нереални очекувања. без концепт и одржлива конструкција.
Доказ за то е Вардар, кој сеуште по толку години има неисплатени долгови кон доверители.
Реалноста во овај момент е дека не само македонскиот ракомет, туку општо и екс ју ракометот нема доволен квалитет да се носи со таа елита.
Освен Загреб кој има огромен буџет за екс ју стандарди и страшна домашна база на играчи, на крај пак се тука некаде, во борба од 4-6 место, пласман во 1/8 финале и испаѓање во двомеч од прв сериозен противник, тој е лимитот.
Нексе вложува сериозни суми, години наназад, ама тие не можат титула во домашна лига да земат, камоли некој поголем успех во Европа, освен тој инстант влез во Ф4 во Лига Европа во 2022 година.
До кое ниво се заминати романските екипи ( Динамо), да не прајме муабет за унгарскиот ракомет.