Не во таа смисла. Во смисла ме тепа сега ама ако ме сака ќе се промени. Или курвештина е ама ме сака и ќе се промени.
Златна средина. Се разбира не насилник, ама па некој наивен, предобар, глас да не му се слуша, само да угодува, да плаче ако се скарате.. Ете ќе си дадам шанса да бидам среќна со таков, ама не можам. Мора и нешто мажествено да има, па маж е, а обично тие добрите без девојки се баш такви, повлечени, расплачени, спремни и за робија.
Не сакам јас да живеам во бајка и да ме гледа ко принцеза, за се да ми иде по газот, да постои поради мене.
Некој нормален, обичен, едноставен, со смисла за хумор, забавен, со интереси како моите, со свој живот на страна од мене што ќе си го продолжи и ако сме нешто повеќе, исто како и јас, ништо посебно, ама имам само едно нешто што не го сакам, а тоа е да не е мамино синче. Е толку е едноставно. Ни насилник, ни билдер, ни лепотан, ни богат, ни моќен, ни посакуван, ама не и таков плачко добрадуша.