Озбилно сега, игнорирај ти некој досаден како мене и терај си со тоа што мислиш дека треба да правиш на форум. И...
И сега ти си имаш дома четири деца, две посвоени, едно црнче, жена од Молдавија, дома украинка чувате, имате вдомено куче без една нога, како мал те киднапирале вонземјани, ама само блиските знаат и ви дале сума пари да не раскажувате и тој досадниот ова се, ама баш се го копал и копал и копал зошто ете сака да се замара со туѓи животи и си лепи на секој пост еве го овој со ѓупчето посвоено, сакато куче ко него, со таа од украина лом ја прават жена му дома во лудница бил еднаш... И ти си кулираш, скролаш и игнорираш.
Озбилно, ама озбилно нема воопшто да се замараш?
Јас не сум досадна зошто не ми се допаѓало мислењето на некојси зошто пишувал мислења за дешавките во светот што се за мене глупави, за внимание ич, него не може на јавен форум некој да силува со вадење лични податоци и подбивање со нив.
Да ги пријавиш само ќе бидат забришани, тие пак ќе си продолжат, и извини ама во право си ама за ваквите сметам дека не треба да има место на форум ни па никоја социјална мрежа и лично не се расправам него си пишувам песнички и се надевам дека некој мој стих толку ќе ги допре што сами ќе го напуштат просторот.
Јас сум ти уствари борец за човекови права, немој да ти бидам досадна. (хехе)