Не те мрзи, туку немаш контра аргументи. Сѐ што ти пишав се факти кои не можеш да ги оспориш и логично е да те "мрзи".
За мене е негативно, затоа е во заграда ставено, а набројано е како квалитет зашто мнозинството го сметаат како предност и зголемен квалитет на живот ако не се градат згради, висококатници, облакодери, молови, деловни центри итн. Јас не се слагам со тоа и јас лично сакам што е можно повеќе градба бидејќи е урбана општина во центар на метропола а не некое пасиште ливада у Поддржикоњ. Ама јас разбирам дека е факт тоа што граѓаните под пропагандата на шарените и зелените преферираат да не се гради, колку и јас да не се сложувам со тоа. Затоа е ставено како квалитет, се однесува на општото расположение и мислење кај мнозинството од народот.
Ништо не е мое, само е постоечки факт, се вика пазарна економија и капитализам. Понуда и побарувачка. Ако нешто е квалитетно ќе има голема побарувачка. Ако има побарувачка а недоволно понуда, заинтересираните ќе се наддаваат за да го купат квалитетниот производ. Така расте цената. Тоа означува квалитет. И затоа треба да се гради многу повеќе во Карпош, за да се избалансира побарувачката со понудата и да се стопира или намали растот на цените па да можат што повеќе луѓе да си приуштат да уживаат во битисувањето во најдобрата општина во мк водена од најдобриот градоначалник.
Не е моја логика, мораш да разграничиш меѓу факти и лични мислења и ставови. Буквално народов џоа луд трча да купи имот во Карпош. Пример, зградата што е спорна сега што смараат да не се гради, пази спорна зграда со протести со блокади у совет со закани за тужби и сл., уште не ставена првата цигла а 70% од предвидените станови се продадени. Дур да стаат прва цигла ќе нема веќе. Така е со сите објекти у Карпош.
Секако. Иначе нема да биде висока цената, ако никој не смета дека е соодветна да ја плати. Ти ќе платиш за фичо 50.000 евра или за мерцедес? Ако си решил да инвестираш 200.000 евра за стан, ќе ги дадеш за 100 м2 у Топанско или у Карпош? 99.9% ќе ги дадат у Карпош и тоа е ради повисокиот квалитет на живот што го нуди Карпош.
Ај што не е точно ова, ама и да беше, под кои ингеренции би спаѓало? Да земе градоначалникот за уши од дома да ги вади луѓето да излезат у природа?
Не се резили не тропај вакви глупости.
Некои да некои не. Битно ги има во голем број и стојат на располагање на граѓаните на Карпош во нивна непосредна близина.
Поминуваат и те како. Особено тротинеташине запедерени.
Да, постојано обнова, чистење, одржување, надградба и проширување на постоечката инфраструктура. Затоа при обилни врнежи Карпош никогаш нема реки по улици и поплави.
Многу работи се измислени ама треба некој да инвестира и да ги спроведе. Ако се подразбира зашто само Карпош инсталира такви капацитети во таков обем?
По сметките за струја и температурата во становите.
Битно работи по закон, ти можеш кои сакаш причини да му ги налепиш ама најбитното е дека работи по закон. А за некакви односи према вработени рекла казала муабети прај си на гајба пред пиљара.
А па баш дека за избори имал некакви "неформални" односи према вработени во Карпош, ептен погоди. Баш од домашен притвор и 4 години без функција, за изборите ептен имал влијание врз вработените
.