Вака кога чита човек ќе помисли за Ердоган пишуваш, а не за Стевчо
Какво влегување во втор круг, брат? Стевчо ќе има 35-40к гласови, апсолутно нема никакви шанси за да влезе во втор круг, па некаква машинерија да се уклучува за да му го оневозможи влезот во втор круг.
Дури излишно е да се зборува ова, премногу врева за ништо.
Гледам
@Con Artist убаво ти објаснил за ситуацијата. Не беше пред 200 години ова, завчера беше и многу добро знаеме што се случуваше.
Најверојатно не се работи за закани и уцени од типот "ќе те убиеме/ликвидираме ако не гласаш", туку на еден "про-европски и про-западен" начин беше запакувано. Погледни го само профилот на пратениците од ВМРО кои гласаа за уставните измени:
Крсто Мукоски и другите 2ца доктори Охриѓани , дебилите кои ги отворија вратите на 27ми април и со тоа им висеа високи затворски казни.
Бети Канческа Милеска, исто обвинета за неколку кривични дела од СЈО.
Владанка Авирович, син и обвинет од СЈО.
Емилија Александрова, братучетка на Мијалков, + дебело наградена финансиски, ќерка и ја вработија во фонд за иновации после тоа, а она стана началник во АНБ.
Зеќир Рамчилович, исто така дебело награден, плус жена му и син му вработени во МВР после гласањето, он прво стана потпретседател на парламентот, а од пред година дена и амбасадор во Црна Гора.
И Нола Исмајлоска Старова, веројатно и она дебело наградена финансиски, а и ја ставија нешто во владата некаков координатор кур се тресе немам појма, плус други членови на нејзиното блиско семејство добија напредок во кариерата.
Не ме сфаќај погрешно (иако го имаш правено тоа), ама веројатно си млад и неискусен. Немаш денес чиста идеолошка партија ниедна во МК, ако гледаме лево-десно ориентација.
Иако често, речиси секогаш, кај нас погрешно се сфаќаат и левицата и десницата. Ова е веројатно под влијание на западната политикологија. Пример демократите во САД ги сметаат за левица, иако факт е дека во Америка левичарска партија не постои. Има 2 големи десничарски партии, од која едната е полиберална за одредени прашања, а другата поконзервативна.