Кој муабети против соработката ги кажува Стевче?
Кога за него Преспанскиот е завршена работа и мора да се почитува.
Кога е за праќање на помош на Украина, буквално тоа го кажа како една од неговите најважни функции како претседател.
Тоа е неговиот став и за се друго, ниту е против законот за јазици, ниту е против Рамковен, против ништо не е што од ЕУ и Америка ни сервираа.
"Анти-Западните" муабети на Стевче се од ниво на "Ќе им кажам дека со нас нема зафркавање", и "Јас ги почитувам многу Вучич, Орбан и Ердоган". Е тоа е апсолутно се од од Стевче што е "анти-запад".
Ова сега со Стевче и градењето на неговиот "анти-западен" имиџ е исто како Бачев кога го форсираа пред 5-6 години како некаков претставник на Русија овдека, па вееше на протестите Руски знамиња како некој пациент. Градење на лажен имиџ за да се распрсне анти-ЕУ и анти-НАТО расположението.
Мислам Стевче, братот е пример за корупација како градоначалник на Карпош, едно 300 милиони евра дозоволи на градба им даде на ДУИ последниве 2 години.Од 1985 е во власт, али бил анти-естаблишмент. Рециклажа на истите стари кеси гомна.
А братот никат не употребил Северна, јадеше притвори, одбил понуди од учките за глас во замена за тргање на монтираните процеси, у суд со 3 прсти кренати им влезе, праеше ајвар, јавно недвосмислено повика на бојкот на референдум...ептен си погодил
А дека е реалност договорот, реалност е, колку и да не ни се свиѓа. Мицко, Тошковски, Муцунски, Николовски и куп дпневци го етаблираа тој наратив. Апасиев да не вика дека не е реалност? Амандмани под кое име поднедува? Лични документи со кое име поседува? Плата од кој субјект прима, Македонија или Северна? Истото важи и за дпнејците, со што покажал некој дека не мора да се почитува? Не си прај бајрам на паметот сите знаат што е реалноста, разликата е што Поддржикоњ беше и остана единствен што најмногу отпор даваше на договорот пред потпишувањето јер е искусен и разбира политика, односно се прави пркос пред да се потпише меѓународен договор, пред да стане реалност. И затоа претрпе и сеуште трпи последици.
Помош за украина има спомнато само и исклучиво во контекст на интерес на нашата економија, праќање храна, облека, медицинска и хуманитарна помош произведено од македонска индустрија/земјоделие/фармација а платено од еу/сад/нато. Никакво оружје или воен персонал. Кажа дека никогаш нема да дозволи наши деца да се враќаат во ковчези за туѓи интереси и дека исклуливо ќе се залага за деескалација и завршување на конфликтот со итни мировни преговори.
Јас не сум слушнал каде кажува дека е про законот за јазици или други наметнати гангстерии од западните гадови, ако може да стаиш линк би било добро. За рамковниот договор колку што се сеќавам имал критики но сепак се држи до меѓународно право, т.е. дека стекнато право не може да се поништи (без пролеана крв нормално). И секако дека е во право, колку и да не ни се допаѓа, тоа се последиците од потпишување договори на кои тој постојано потсетува и подучува. А тие не ги потпишал ниту поддржал тој, во тие неповолни услови нѐ ставиле исклуливо коалицијата сдс/дпне/дуи.
Секој има право како сака да си толкува, но според фактите он има исклучиво суверенистичка национална про-македонска политичка филозофија или идеологија. Не е ни анти западен нит анти источен нит про западен ни про источен. Секогаш се води исклучиво од интересите на македонците. Затоа е и соодветна споредбата со Трамп, Орбан, Ердоган, Вучич па и Тито. А не ли е тоа буквално опис и попис на работно место на политичар? Да биде про својот народ и држава? Самиот факт што е единствен не сорос кандидат е најголем доказ дека е единствен про-македонски кандидат. Тоа кај нас е ко badge of honor. Ако не чиниш за Сорос значи нешто ептен добро правиш или сакаш да правиш за сопствениот народ.
Ништо не можел ниту да им дае ниту да им одземе на дуи, тоа што коалицијата сдс/дпне дозволи учките да станат финансиски моќници со што без проблем си учествуваат во економијата и бизнисот, закупуваат плацеви, земјиште и инвестираат во изградба на недвижнини (не само во Карпош, во други општини со многу поголем удел а таму дпне/сдс се власт) не е негова ингеренција ниту на другите градоначалници. Тоа си има соодветни институции кои го дозволиле или не го спречиле, а за овие 30+ години тие институции биле раководени само од коалицијата сдс-дпне.
Апсолутно е анти естаблишмент и тоа докажан, кажи кој друг ги тепал коалиционерите сдс/дпне сам и тоа 2 пати? И според реторика и според делување е анти естаблишмент. Добро е што се повеќе луѓе се будат и го сфаќаат и поддржуваат тоа.