Така де, ама не е крив друг муштерија ако некој неа ја погодил со кромид.
Како било, во Веро не се поарни, па и насекаде, сите намќори сме станати.
А дека се троши одма не значи дека е квалитет, се троши зошто е ефтино. Ете пак ќе кажам омекнувачот во Кам кој е 200 денари поефтин од Веро (истиот) се троши 10 пати повеќе во Кам него во Веро. И сега тие од Кам секако како и сите, земаат омекнувач за да им мирисаат алиштата, за што друго би го купиле. И ставаат една капачка. И искачаат алиштата од машина и ни М од мирис. И следниот пат ставаат две капачки, пак не мириса. Па три, четири и дури со пет конечно малку ќе замирисаат. Ама заминал омекнувачот. И еден го трошиш за 3 машини. И купуваш пак. И пак и пак.
Е сега го земаш од Веро, ставаш една капачка и мириса цела зграда не само алиштата. И го користиш за 10 машини, додека тој што го купил од Кам во меѓувреме купил уште 3 омекнувачи од таму дека поефтино.
Тоа сакам да го кажам.