Епа еве те прашувам во која акција го употребиле освен во неколку напади на Сирија и на шоуа низ САД?
Су-57 е употребен во неколку наврати во Украина, а колку блиску се приближил не знаеме ниту јас ниту ти.
Нормално дека ќе летаат во Сирија кога имаше едвај 20тина С300 системи на територија колку 1/3 од цела Украина, останатите системи им беа далеку послаби варијатни, и генерално со фиксна и позната позиција. Имаа нешто системи од Иран, за во музеј Оси и Стрели од бивш СССР, нешто ситно БУК и С200, се на се мислам дека во најдобри денови немаше повеќе од 150тина функционални од се комбинирано, и уште полошо 0 авакси и слични летала и застарени или скоро непостоечки радари.
Само кога почна војната во Украина имаа преку 250 комада С300, на страна БУК и останати постари системи, плус радари на земја, плус 24/7 авакси од НАТО и поддршка од сателити и дронови, плус неколку пати повеќе летала. А да не правиме муабет што им беа пратени и додатни батерии од западните системи: ИРИС, Патриот, Авенџери, Џивџани, Сокли...и се ова е накрцано во територија помала од Сирија, плус далеку покомплексен терен каде може да скриеш тактичка нуклеарка и никој да не ја види (шуми), за разлика од тоа пустината во Сирија каде може да им ги собереш локациите на било која подобра сателитска снимка.
П.С кај Су-57 иницијалните мотори беа од Су-35с (AL-41F1), на првите верзии од су-57, а и голем дел од електрониката имам читано дека била преземена од су-35.