И Ф-16 собориле Србите покрај Б-2? Одма да им се јавиш во Генералштаб на Србија и да им кажеш дека собориле Б-2 бомбардер.
Приказната беше дека паднал на Хрватска територија, шумата била сериозно обезбедена и имало камиони од армијата на САД кои собрале се. Истовремено се преклопува со втора приказна дека не се вратил на аеродромот, а по извесен период бил заменет со нов Б-2 кој го имал истото име.
Во ваква војна не може да знаеме дали е вистина, но она што сум сигурен е дека ниту ја потврдија, ниту ја негираа веста од страна на САД. Времето ќе покаже, ако сме живи, кога би ги декласифицирале тие документи.
И двете страни имаа мотив за да кријат, едните со фејк приказна би добиле мотивација кај армијата, а другите ако паднал реално не смеат да признаат во никој случај, оти е летало кое е гордост на цела нивна авијација и чини колку годишен буџет на некои држави, 2 милијарди. Летало кое не требаше да биде ни видливо на ниту еден радар, а не пак и соборено од држава на вториот-третиот свет.
Дури и за ф117 се вадеа со две приказни во кои виновник беше персоналот: првата дека иако не му се затворале вратите за бомбардирање не била прекината мисијата па така се покажал на радар, а втората дека бил погоден на среќа, оти персоналот одбрал иста рута и исто време за бомбардирање како и претходните денови.
Официјално, потврдено и од САД, беше дека им турнаа 2 Ф16ки.
Исто имам сретнато инфо и дека им турнале 50тина дронови и уште толку ракети. И пази, разговараме за војна на најмоќниот воен сојуз на светот, против распаднатата Југославија со оружје од 60ти и 70ти.