Вас ништо не ви чини.
Земете двата уназад исчитајте шо имата пишано, ќе ви стани јасно на двата дека уствари незнајте шо сакате.
Не ви чини проектот, не ви чини ниеден играч шо го донесоја, стварате некоја депресивна атмосфера (не вие двата, генерално таквите како вас) и ниеден играч не е по ваша мерка.
Ете ајде форум е овде дебатираме, кажете вие кој играч треба да го донесат за да сте задоволни ?
Кој тренер да го донесат за да сте еднаш задоволни ?
Те читам и неможам да се доначудам.
Кој има речено дека не чини проектот? Како можи да не чини кога резултатите го кажват спротивното?
Играчи? За сите донесени имало еуфорија и е нормално, ама ако не го бива шо треба да прајме да ќутиме? Ти текнува за еуфоријата на Мандалиниќ? Шо напрај чоекот за да зема 10-15-20К? Две утакмици со 1961 требаше да изигра, Борко му влезе во психата го немаше, во гости Табоада не извади, а дома му даде титула на тацна.
Како да разберите дека РАКОМЕТОТ е ЈАВНА работа, како да разберат нашите "тренери" и играчи дека се ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ и дека ќе бидат изложени на критики, пцовки, свирежи, ама и ќе бидат на раце носени и наградени со аплаузи и се како шо треба пример како лани Јовиќ и Шундо шо славеа во Буре со навивачите до ниедно време.
Јас не разбирам, ако некој од некој има различно мислење ЗНАЧИ ЛОШО МУ МИСЛИ НА КЛУБОТ? А кој му мисли арно, тие шо одевме и со Преспа пред 10 години в сала 5 души на -10 или овие сега за сликање шо се само се тепат кој да биди прв ред кој да го фати апаратот или камерата и шо не смеат А да речат? Јас не вервам дека има некој во градот лошо шо му мисли (освен на тие шо му смета силен Пелистер и се скопски слуги), други нема.
Ај олабајте малце, 2 збора за некој критички или различно мислење и одма паника вака така... како партиски ботој.
П.С. Од 2009 мислам сум на форумот тогаш беше хит КАЈГАНА, тогаш се пишеше дискутираше и беше ограничено со профили ако не се лажам неколку пати само во годината можеше нови профили да се прат и беше многу потешко, дај кој има админ близок нека го вратат пак така да биди и да не изникнуват профили секој ден по неколку, и сите напраени нови после 2018 да ги избришат, оти пола овде шо пишат и шо се прат стручњаци, незнаеа салата кае до гостувањето на ПСЖ.
Sent from my SM-G998B using Tapatalk