Ај да си ја пробам среќата тука можи некој ќе помогни
Имам C класа W204 со мотор OM646.811 и автоматски мењач.
Кога бев последно МК ги репарирав сите дизни затоа што знаеше на сред работа да потсецни колата и со обртаи и моторот да не работи рамномерно.
Fast Forward си идам Германија по пат почнува колата да треси да не прима да скока од 1500 на 1700 обртаи даваш туража неоди итн...
Стигнав како така дома испадна 2 дизни дека веќе скроз излезени се (со два прста ги извадив). Ја однесов до Мерцедес ги напраја ене ги ништо немат. Дизните сите се кодирани точно и тие ги проверија и јас.
Е сега во меѓу време ми се јавува проблем на ниски обртаи кога давам нагло туража ( и обично помеѓу 2-3 и на ниски обртаи во 3та и 4та ) осеќам кај нозете колата имаа вибрации ама чудни, во нозете ми се осеќа како вода млаз да врви низ цефка моторот почнува чуден звук да вади а обртаите играат на пример 1700,1600,2100 и ко да не било ништо лета натаму си менва мењачот во трета. Ако е ладна немам ваков проблем, на повеќе притисната туража исто немам ваков проблем ништо не се дешава.
На колата досега менав МАФ сензор, МАП сензор, Регултатор за притисок на common rail, Вентил и Регулатор за висок притисок, сензор за висок притисок, Сензор за притисок долу на моторот на излез од турбо, пред турбо, сензор за темепратура на гориво ДПФ е регенериран итн итн ...
Е сега ме убедува исто еден механичар дека можеби е платина на мењачот и компјутерот на мењачот и си кошта фала богу мн мн пари и сум сигурен дека не е затоа што обично автоматик мењач ја фрла во safe mode, или јавува код или не шалта како што треба а мојата цело време шалта без проблем.
Имам Xentry, DAS и Delphi дома од деновите кога работев за Мерцедес на дијагностика нема ни една грешка не јавува колата.
Бев денес и до мерцедсе ми рекоа дека мењачот не е проблем и дека е последен на кој треба да се размисли ама обавезно да проверам Exhaust Recirculation System т.е ЕГР.
На Idle во Xentry ми го кажува дека е 5% додека треба да е повеќе од 20% и high boost pressure е скоро на граница, на висока туража си отвора како треба според Xentry. Го откачив ЕГР ама пак на моменти истиот проблем ( добро знам дека треба да го исчистам и дека кога го откачив е можеби заглавен)
Некој ум да дај .....
Знам дека е некоја глупост неќам да ја продам колата со толку променети делови