Разочара Алкалоид, буквално ништо не играт во плеј офот, сосема друга екипа, барем вчера мислев ќе добијат, ама Вардар со Јасихура е сосема друг тим, заслужено ги здробија, поопасни се со јапонецот, Киро сите победи шо ги имаше со над 40 гола сега можи во 9ката да си ги клај

Многу изедначен плеј оф....
Добро е шо има репрезентативна пауза, па дуел со Струга и куп групата пред гостувањата во Скопје, па екипата да се стабилизира, да не бараме преку леб почага, 3 авиони сменаја, петокот слетаја, саботата ги чекаше тешко гостување. Добро за нас е шо заврши ЛШ па да нема толку тормозења по пат и да се насочат само на дупла титула до крај !
Охрид да го победи дома Вардар, шо е за очекување (ама ќе видиме и вчера други очекувања беа), ние да победиме во Автокоманда, со она игра на Алкалоид треба и ние да ги спуштиме на земја да не летат многу, макар и сите судии да се за нив, тогаш нив дефинитивно ги бришиме од трката за титула....
Останва Охрид, кој ќе има три тешки гостувања во Каварарци едно и две во Скопје, па со евентуални 2 "кикснати" гостувања тогаш, најтешкото гостување кај Охрид и нема да игра никаква улога и 95% сме шампиони, ама за то отом потом и не сакам вакви калкулации и пресметки да прајме со другите, одиме чекор по чекор и на 14 од 14 зошто ние сме Пелистер и да завршиме стилски на крај, после никој нема да кажи дека игравме лошо со Пролет, Бутел или Тиквеш.