Нема да помине многу време пред да научи да го оптимизира кодот, не го гледам како проблем затоа што и сега имаш луѓе кои трупаат код без никаква оптимизација.
Мислам дека работите ќе одат прогресивно, првиот чекор е туркање на платите и веќе се случува во одредена мера во најголем дел од фирмите.
Не само во Македонија, туку и секаде во светот, програмерите ти се во највисоко платени професии. Ова ќе се менува, ќе бидат платени луѓе кои се апла добри и во тек со технологијата, се друго ќе ти биде просечна административна работа. Следната фаза е намалување на бројот на вработени, што пак е почнато, само ќе се одвива поагресивно во иднина. Како што имаат норма во други професии, така и тука, ако до вчера имало 10мина на одреден проект, сега ќе ги намалат на 7 затоа што со АИ секој може да куца код далеку побрзо (и особено да ја искуца документацијата). Последната фаза ќе биде тотално заменување, што веројатно ќе биде подолг процес, но и од првите 2 ќе имаш милиони ИТ лица кои ќе бидат сериозно афектирани.