Доктори од Клиниката за токсикологија денеска (22 април) на прес-конференција алармираа дека во оваа здравствена установа се случува хаос особено, како што велат, од назначувањето на организациската (економската) директрока Бесија Иљази на средината на февруари. Наспроти нив, пак, министерот...
www.slobodnaevropa.mk
„Mинистерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, додека кај организациската директорка вели „нема констатирано ниту едно прекршување на правото“.
„Секој кој малку разбира токсикологија, знае дека токсиколошка клиника без токсиколошка лабораторија не може да функционира. Во моментов таму функционира само еден лаборант, а за минимум да работи оваа лабораторија, потребни се барем двајца дипломирани биолози и уште еден техничар со средна медицинска спрема“
Медицинскиот директор Данил Петровски, пак, како што тврди докторот, одбива да ги потпише вработувањата бидејќи е предизборен период.
Дополнителен проблем, кој Беќаровски го истакна е и што немаат комуникација со директорката Иљази бидејќи, вели, таа не знае македонски јазик, а се обидел со неа да разговара на англиски.
Министерот за здравство, пак, зборувајќи за случувањата на оваа клиника рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата во оваа здравствена установа каде, како што му било кажано 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа. Вината тој ја лоцира кај медицинскиот директор.
„Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите“, изјави Демири.
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија. „35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор...
www.mkvesti.mk
Докторот Нико Беќаровски ја претстави екипата со која го крена гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази
„Дозволете со посебно задоволство, чест и респект да Ви ги претставам останатите 6 колешки кои беа присутни на вчерашната прес конференција (од лево кон десно)
1. д-р. спец Билјана Иванова , Раководител на одделение
2. Проф. д-р. Жанина Переска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
3. Примариус др.спец Ирена Јуруков, раководител на отсек и Претседател на Управниот одбор на Клиниката.
4. Проф. д-р. Лидија Петковска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум и редовен професор на Медицинскиот факултет.
5. Науч.сор. д-р.сци Александра Бабуловска, Раководител на одделение и научен соработник на Медицинскиот факултет.
6. Проф. д-р. Наташа Симоновска, Раководител на оддел, член на Стручниот колегиум на Клиниката и професор на Медицинскиот факултет.
СИТЕ ПРИСУТНИ БЕА СО НАЈМАЛКУ 20 ГОДИШЕН СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТАЖ И НИТУ ЕДЕН НЕ БИЛ И НЕ Е ПАРТИСКИ АКТИВИСТ.
Сите сплотени со една мисла, Клиниките да зрачат со стручност и највисок квалитет, а не со квантитет.
Дозволете во мое и во името на сите колешки, да Ви се заблагодарам на сите, повеќе од десет илјади граѓани, кои ни дадовте директна или индиректна подршка.
За крај посебен "поздрав" до ЛЕКАРСКАТА КОМОРА, која ......“ напишта тој на фејсбук.
П.С.
кој е канцерот што го метастазира целото државно здравство и го губиме и стручниот докажан искусен кадар?