Слаба игра второ. кога требаше да се прекрши утакмицата.
Пак ко со Пролет се влезе непотребно во неизвесен финиш.
Ако беа малце поприсебни Тиквеш и да ги погодеа тие топки на празен гол на крај се беше можно.
Многу технички грешки, фрлени топки во празно, без концепција шо да се игра.
Не можи туку така да се фрла топка, меѓу двајца до пикер, ниски топки од паркет, или висока топка до Жаре, а овај го тегнат и не можи рака да крени,
Не можи со такви топки да се добива утакмица, кога од авион се знаеше дека само на Жаре го насочват вниманието во одбрана.
Тактиката 7 на 6 беше логичен потег и еден вид на изненадување за очекуваната агресивна и истурена одбрана на Тиквеш.
Таа тактика функционираше перфектно, дури беше Васиљев во состав, речиси секој напад или имавме чист зицер или пенал/
Од ко го исклучија Денис цела таа концепција се поремети и немаше никаков ефект.
Се изгуби дејството на та игра 7 на 6.
Единстено ќар бевме шо ги уморивме Тиквеш да трчат во одбрана., то беќе ќарот, оти немаа целосна ротација и на крај можи и то пресуди
Ако играа Симиќ и Обина ќе беше весело.

Имавме голема среќа вчера.

Не можи бе со Руди Сери на пикер, ниту можи чоеко да се позиционира ко шо треба, ниту ќе издржи дуел игра, не можи да падни ко пикер и да извај шут, ниту блок моеше да напрај за бекојте, ниту пак има сенс да излези на 9, да укрсти со некој од бекојте или крилата кои би влегле на втор пикер.
Ништо буквално, учинок нула.
Цело второ, очај бевме на втор пикер, едноставно безопасни на страната кај шо беше Сери.
Згусната одбраната, каша попара ни беше проток на топка на средина.
Ако влезеше некој ќор гол од средина или од кај Жаре и од тие дупки кои се отвораа од крила, посебно од страната на Богдан.
Едноставно ко со чоек помалку да игравме.
Зеде батето од 10 метра ја закачи, 5 метра над гол, некоја тула искрши на ѕидот.
На 4 разлика, ко имавме залет.
Исто и при крај, зеде му ја чапна топката на пикерот на Тиквеш, а овај се спрема да изведи 9 метри.
Каде бе?
Јаде 2 минути без врска, со право, примаме одма гол и ги врати Тиквеш во игра, цар.

Ќе го отепаше Бранче на клупа, со право.

По,по, толку да не се мислело со глата.
Не ми е јасно зошто ризикуват со чоеко.
Сепак, ваљда знат шо прат, времето ќе покажи.
П.С.
Ве читам уназад, последните неколку страни од темата, и една работа не ми е јасна.
Зошто никој како едно од тие сериозни/клучни гостувања не го зема то во Охрид?
Баш напротив, гостувањето во Охрид ќе биди можи и потешко од то со Алкалоид, макар и сите судии да се на нивна страна.
Со Вардар ќе биди заебано оти ќе се напалат до максимум, ќе има тензија, притисок од трибини,
Ако е Вардар комплетен ќе биди многу тешко да се добијат таму.
Без разлика колку си прајме ние филмој дека сме кузнеј колку јаки и квалитетни.
Засега не е розово то шо го гледаме на паркет.
Иста тежина како гостувањата во Скопје според мене ќе има то гостување во Охрид.
Охрид моментално се втори на табела, со 3 бода зад нас и меч со нас во Охрид.
Наредно коло дома играт со Вардар, ако го чукнат ( то е доста реална опција ) ете ги во битка за највисок пласман.
Ако одиме со анализи на имиња и, ширина на ростер и моментална форма можи слободно, без никакво претервање да се кажи дека тие моментално играат најдобар ракомет.
Ѓорѓевски на гол, Цирар десно крило ( најдобар стрелец во лигата), појќе од солидни пикери, Бојаниќ, Пелидија, Тасески, Ојле на лево крило, Кукоски дефанзивец.
Да ја клајме на кантар нашата бековска постава, моменталниот учиник на нашите бекој ( освен Фитил), не можиме многу да се пофалиме дека сме во некоја предност, моменталната игра обратно кажва.
Темо, Сафранко, Јукиќ-топ прва постава бекој, , Крстевски не е лош, Јапонецо е заебан ако не му излезиш навреме, тука се плус и Дрогата и Шешиќ кои во последно време се во втор план.
Ова се за наши услови 2 топ бековски постави, шо можат да понудат различен тип на ракомет, и бавен рововски и брз динамичен ракомет..
Видовме сите шо ни напраја во Битола, дандало ни го зедоја 50 и кусур минути, не знаевме кај сме.

Ги користат речиси сите играчи, доста спремни на физички план, шо не можи да се кажи за нас, шо играме со лимитиран дел од кадарот шо го имаме.
Ние од 7 бека шо ги имаме на лагер, користиме само 3ца, Фитило, Тајник ( овај не е никаков шутер од надвор ) и Цехте ( и овај не можи да се пофали со шут од надвор).
Борзаш не го користат ко шо треба, не знам зошто???
Овај треба да е главен разбивач и шутер, а не да го користиме по 20 минути на меч.
Танкосен, двајцата Павле речиси и да не немат никаква минутажа на важните утакмици, посебно не за да чекаме од надвор да решат.
Емилијан малце појќе добива шанса, ама не е то доволно, мора да се ротира та бековска линија да има цело време позиција слободна за шутер од надвор.
Не можи бе без бекој и шутој од надвор да добиваме утакмици лесно.
Ќе се мачиме ко ѓаоли за секој гол, ќе се тресиме под пасивен Фитило да пробие, или негде да пукни по крила.
То оди засега, ( со маки), ама прашање е до кога?
За разлика од нас, Охрид си ги користи рационално потенцијалите шо ги има.
Имат скоро на секоја позиција по 2 ца појќе од солидни играчи, шо можат да играат различни стилови на ракомет.
Плус и голманот сега им влезе во страшна форма.
Ако ја подобрат та игра на гости можи да се борат за највисок пласман до крајот на плејофот.
Тука му е проблемот, психички, шо во гости се губат и не личат на себе, а исто му се случваше и на тие важни мечој со појаките екипи дома.
Сега ги надминале тие детски болести и личат на сериозна екипа.
Ако успеат да тепат на некое гостување во Скопје и Кавадарци можат далеку да дотуркат.
Да не влегват нашите во потценвање на противниците, сите играт денес ракомет.
Ако не ја крениме за брзо играта ќе биди многу тешко да се одбрани титулата.
Со ваква игра прашање на време е кога среќата ќе ни го сврти грбот и ќе не попари некој.
Ако не ја сфатат многу сериозно работата реална опција е и 3 порази да имаме до крај на сезона.
Двете гостувања во Скопје и то во Охрид. во 10то коло.
Добро е шо иди сега та репрезентативна пауза, да се прегрупират редојте и да се поработи малку на играта.
За 2 недели иди тој квалификационен турнир за Ф4 во купот, баш на тој меч со Охрид за влез на Ф4 куп ќе треба да се видиме до кај сме.