Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.272
Кој и да дојде во Јунајтед како тренер, ке биде споредуван веднаш со Клоп и Пеп кои 8-9 години градат тимови. Од тимот кој го превзеде Клоп нема ниту еден играч останато, од тимот кој го превзеде Пеп, само Де Брујне е останат.

Во Јунајтед до лани имаше играчи од времето на Фергусон, Мојс, Ван Гал, Мурињо и Оле. Јунајтед има уште долг пат да изоди за да биде приближно до нивото на претходните 2 клуба, зашто една деценија се правени грешки, додека другите два тима купуваа умно. Јунајтед немаше спортски директор, колку и сулудо да звучи, па имаш глупости во стилот на 80 милиони за Ентони. Да му го дадеа овој буџет на Јунајтед на лик како Марота, ке склопеше тим подоминантен од Сити, ем знае со пари, ем знае да најде играчи.

Јунајтед првин треба да расшутираат еден куп звезди, како Артета што направи со Обамејанг, Озил, и расчисти со скоро сето останато ѓубре, и си донесе играчи по свој терк, потоа да се постави раководна структура што знае да идентификува играчи и да почне да купува играчи според филозофија која планираат да ја имплементираат. Ете, почнаа со поставување на она што се смета за квалитетен кадар во поглед на раководни лица. Ке треба време ова да се преточи во резултати на терен.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
881
Поени од реакции
1.175
Како сме сардисани манчестерци, дошле од Серија А бапки не пра, јбг некој мораше да ја зборни болната вистина.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.366
За периодот кајшто ви се титулите, 90тите и прва половина на 00те. Претходно не сте постоеле, мид тејбл клуб со повремени титули на секои 20 години.
Мала поправка, втората половина од 00те им беше појака од првата. До душа ни првата не беше лоша. Кризата им беше 2003 до 2005 кога правеа смена на главните играчи, од Бекам и Ван Нистерлој на Руни и Роналдо.

И во Англија пред 70тите сите клубови биле мид тејбл екипи со по некоја титула во 10 год. Кој стигнал освојувал титула таму, затоа и немаа некој успех во ЛШ. Е во 70ти и 80ти Ливерпул си ја присвојува лигата и доминира и во лигата и во Европа. Па со нив се зголемува и квалитетот во лигата и други екипи успеваат во Европа. Пред тоа господ знае што се играло.

Послем тоа следуваше банот поради инцидентите што ги правеа и лигата им падна многу. Јунајтед најдобро се снајде тука и со тоа го трасираше патот за доминација. Можеби ако не беше банот ќе имаше појаки екипи во рани 90ти и Јунајтед немаше да доминира.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769

Остај го нека се прави паметен де. :D

Англија има 24 различни шампиони, а кога дошол Фергусон, Јунајтед имале 7 титули и делеле 4то место на all time листата со Астон Вила. Значи далеку од тоа дека биле никој и ништо како што Пеџа го лажел Џонтра кога пиеле скиснато вино во станот во Кисела Вода. Пред нив биле Евертон и Арсенал со по 8 и Ливерпул со 16 или 17, не сум сигурен точно кога дошол.

Конкретно Манчестер, прв пат прави јака екипа при крај на 40ти и во текот на 50тите со Мет Базби, која освојува еднаш ФА Куп и ја освојува 3 пати лигата, но знаеме како завршува. Базби во 60тите прави повторно јака екипа и ја освојува лигата уште уште 2 пати, ФА Купот еднаш и станува прв британски клуб што го освоил Европскиот Куп на Шампиони.

Тука уствари Јуанјтед ги комплетира тие 7 титули во лигата пред Фергусон, но во тој момент дели прво место на вечната листа на шампиони со Ливерпул и Арсенал. Ливерпул има и еден ФА Куп, Арсенал 3 ФА Купа, а Јунајтед 3 ФА Купа и една титула Европски Шампион. Значи биле број еден на крај на 60ти.

После доаѓа доминација на Ливерпул во 70ти и 80ти, па на Јунајтед во 90ти, 2000ти и почеток на 2010ти, со по некоја титула на Арсенал и Челзи.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Тен Хаг шо подолго се задржит како менаџер на Јунајтед то поубо за ривалите нивни. Ликов немат никаков импакт врз ништо од кога е дојден поќе имат погрешни потези отколку добри. Дали е до него скроз незнам али Јунајтед дали имат во последниве 5 години погодено 5 трансфери а флопој куп . Рагник им кажа не требит шминка само требит убо чистење,им го плесна и Мурињо па и Роналдо во она интервјуто им кажа дека времето е застанато таму ама истото го тераат
Во Јунајтед до лани имаше играчи од времето на Фергусон
Уште имат од времето од Ферги :icon_lol:
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.633
Поени од реакции
5.354
Па тоа е поентата, него да го плукаат место играчите негови кога ќе каже нешто. Тоа е знак дека си ги штити играчите од критикувања од медиуми.

А и да, бесмислено е да се споредува Манчестер со мал клуб како Сити со фан база шо брои испод 1000 навивачи. Јунајтед кога освојуваа све и свашта Сити се бркаа со Бирмингем и Норич дур не стигнаа шеиците за на крај да ги обвинат со прекршоци од кои им се заканува исфрлување во две лиги уназад. Немам никаква почит за вештачки створени клубови каде играчи доаѓаат за пари не поради тоа што имаат изградено култен статус како Јунајтед.
Decko koj e be toj kulten status daj te molam objasni mi (imaj u predvid deka sum fan na junajted). Sto ima junajted taa famozna generacija u 50tite i posle toa edna odlicna era pod ferguson.

kako gi napravi ti nekoj ke rece ovie se bayern u anglija sekoja godina labavo zavrsuvaat prvi bez da se ispotat i letno vreme gi sobiraat igracite od drugite klubovi mislis panini album se, a realnosta e nesto sosema drugo. fala kurcu ne komentiram premnogu pa i ne se pronaogam da bidam drven advokat na klubov koga site drugi go napagaat ama ne zasto klubot e do tolku trn u oko na drugite nego radi retardiranata fan baza.

Izvini vaka ama so isklucok na 2-3ca sto komentiraat po forumov a se deklarirale kako fanovi na junajted drugoto e se za banter ala ratm donev riki i slicnite.
Автоматски споено мислење:

Не е точно тоа. Челзи и Манчестер Сити имаат повеќе пари фрлено од Јунајтед последниве 10 години. Еве ти доказ:

Ne vadi vaka za sezona po sezona i toa pazi samo toj sto potrosil najmnogu, dali vkupno pa da zborime. Ne vikam deka ne potrosile poveke ovie ama kolku e toa poveke eden transfer na random igrac?
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Да му го дадеа овој буџет на Јунајтед на лик како Марота, ке склопеше тим подоминантен од Сити, ем знае со пари, ем знае да најде играчи.
Тоа е заблуда, играчите стануваат тоа што се во Сити поради Пеп, не обратно. Џабе сите ѕвезди да ги соберат без тренер, видовме во псж до кај стигнаа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.272
Тоа е заблуда, играчите стануваат тоа што се во Сити поради Пеп, не обратно. Џабе сите ѕвезди да ги соберат без тренер, видовме во псж до кај стигнаа.
Никаде не го кажав спротивното. Сфаќаш дека Марота е на позицијата која го носи тренерот во клубот и бира кој ке биде тренер? Затоа и Чики Бергстајн го гледаат како бог во Сити. Затоа и Пеп во скоро секој прес му се заблагодарува на Чики што Чики знае кои играчи да му ги донесе за она што сака Пеп да го игра.

Имаш играчи кои не можеш да ги тренираш, те ти Калвин Филипс како пример. Проблемот кај Јунајтед е што имаше премногу Филипси, додека Сити ретко промашуваат трансфери. Затоа и е моментално Сити пред Јунајтед со неколку години.

Хипотетички е, ама да му го дадеш моменталниов Јунајтед на Пеп да го менаџира, со овие повреди што ги има и овие играчи, се сомневам дека ке заврши во Топ 3. Нити има профил на играчи што Пеп ги бара, нити пак има квалитет за неговиот тип на фудбал. Тука се гледа најголемата заслуга на спортскиот директор. Што му дал соодветни алатки(фудбалери) за работа. Потоа, како што викаш, доаѓа квалитетот на самиот тренер.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
Тоа е заблуда, играчите стануваат тоа што се во Сити поради Пеп, не обратно. Џабе сите ѕвезди да ги соберат без тренер, видовме во псж до кај стигнаа.
Точно е и ова. Иако Јунајтед промаши еден куп транфери, јасно е дека не е само до индивидуалниот квалитет на играчите, туку има нешто повеќе од тоа.

Сити и Ливерпул ги имаат Пеп и Клоп, кои мислам дека може да направат играчиште од било кого. Не е дека немале по некој флоп тука и таму, но еднаш веќе дебатиравме тука за Аке и Аканџи и никој неможе да ме убеди дека двоецов е толку квалитетен колку што Гвардиола ги има перфектно вклопено во неговиот систем.

Кај Ливерпул одличен пример е Ендо. Го земаа буквално како последна опција на деструктивец после Каиседо, Лавиа, тој португалецот од Спортинг што заврши во ПСЖ, итн.. и тоа за некои 10тина милиони. Играч што имаше полни 30 а буквално никој немаше слушнато за него, а од тоа што имам гледано сезонава, човекот си ја врши работата и повеќе од солидно. Гакпо ќе го земам за пример исто. Сосема коректен играч, но не нуди ништо посебно. Сепак супер се вклопува во системот на Клоп. Да дојдеше во Јунајтед кога го поврзуваа мислам дека многу лесно можеше да заврши како уште еден флоп.
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Хипотетички е, ама да му го дадеш моменталниов Јунајтед на Пеп да го менаџира, со овие повреди што ги има и овие играчи, се сомневам дека ке заврши во Топ 3. Нити има профил на играчи што Пеп ги бара, нити пак има квалитет за неговиот тип на фудбал. Тука се гледа најголемата заслуга на спортскиот директор. Што му дал соодветни алатки(фудбалери) за работа. Потоа, како што викаш, доаѓа квалитетот на самиот тренер.
Да му го дадеш овој тим на Јунајтед на Пеп да го менаџира, има инстантно да се поремети. Целата филозфија на Пеп се сведува на максимата не му ја давај топката на противникот никако. Кога ќе почнат Бруно, Гарначо и Рашфорд да му губат топки, има да полуди.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.588
Поени од реакции
6.328
Ако не е Јунајтед ќе немате за што да пишувате цела недела на форумов. Срцки. :backa:
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.402
Поени од реакции
1.720
Никаде не го кажав спротивното. Сфаќаш дека Марота е на позицијата која го носи тренерот во клубот и бира кој ке биде тренер? Затоа и Чики Бергстајн го гледаат како бог во Сити. Затоа и Пеп во скоро секој прес му се заблагодарува на Чики што Чики знае кои играчи да му ги донесе за она што сака Пеп да го игра.

Имаш играчи кои не можеш да ги тренираш, те ти Калвин Филипс како пример. Проблемот кај Јунајтед е што имаше премногу Филипси, додека Сити ретко промашуваат трансфери. Затоа и е моментално Сити пред Јунајтед со неколку години.

Хипотетички е, ама да му го дадеш моменталниов Јунајтед на Пеп да го менаџира, со овие повреди што ги има и овие играчи, се сомневам дека ке заврши во Топ 3. Нити има профил на играчи што Пеп ги бара, нити пак има квалитет за неговиот тип на фудбал. Тука се гледа најголемата заслуга на спортскиот директор. Што му дал соодветни алатки(фудбалери) за работа. Потоа, како што викаш, доаѓа квалитетот на самиот тренер.
Ете, признај си конечно. Најголем дел од тие "Филипси" ЕТХ ги донесе.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.866
Поени од реакции
6.664
Да му го дадеш овој тим на Јунајтед на Пеп да го менаџира, има инстантно да се поремети. Целата филозфија на Пеп се сведува на максимата не му ја давај топката на противникот никако. Кога ќе почнат Бруно, Гарначо и Рашфорд да му губат топки, има да полуди.
Да му го дадеш овој тим на Пеп ако се нафати прво нешто е што сам ќе бара 2-3 години да го ресетира клубот.

Толку е потребно да го исчисти ѓубрето и да направи тим за трофеи.

Така да дали Пеп дали кој ќе биде ќе му требаат минимум 2-3 сезони да чисти ѓубре и да гради тим.

Тен Хаг неможе да биде тоа, Ентони циганот му бил тренер еднаш у Ајакс и пак го зема у Јунајтед уместо сам да забрани такви играчи да му доаѓаат. Што значи има нула сенс за какви играчи треба да играат у Јунајтед.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.272
Ете, признај си конечно. Најголем дел од тие "Филипси" ЕТХ ги донесе.
Не можам со тебе за фудбал да дискутирам ако Мартинез и Хојлунд ти се Филипси. Одмини ме со цитирање.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.402
Поени од реакции
1.720
Не можам со тебе за фудбал да дискутирам ако Мартинез и Хојлунд ти се Филипси. Одмини ме со цитирање.
1 разлог дај ми дека не се?
Во Мартинез нема фудбал повеќе, иста ситуација ко и Џејмс.
Хојлунд е обичен флоп од 75 милки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom