Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.139
Поени од реакции
4.914
Напротив, јас мислам дека баш во прв круг разликата меѓу нив ќе биде огромна, а во вториот Стево би се доближил до Гордана. Не само заради гласовите на Албанците кои мислам дека по дифолт ќе одат за Стево, 99%, туку и гласовите на Максим, а веројатно и многу од тие кои ќе гласаат за Ванковска и Стевчо. Во големиот број на кандидати во прв круг јас не гледам гласови кои ВМРО ги изгубил. Не знам, барем тоа е мое мислење, во прв круг може дури и 2:1 да биде разликата меѓу двајцата.
Зошто мислиш дека некој што гласал во прв круг за Ствечо, Ванковска ---иако е оваа е спакувана НЛП во полза на и не е пристојна ама еве нека ви биде--- во втор круг би гласал за Стево?
Сметаш дека програмите на Стевчо, Ванковска и Стево С. се блиски па затоа ќе има такво гласање или нешто друго е во прашање?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.298
Поени од реакции
5.031
Зошто мислиш дека некој што гласал во прв круг за Ствечо, Ванковска ---иако е оваа е спакувана НЛП во полза на и не е пристојна ама еве нека ви биде--- во втор круг би гласал за Стево?
Сметаш дека програмите на Стево, Ванковска и Стево се блиски па затоа ќе има такво гласање или нешто друго е во прашање?
Зависи Бране со кој ќе се договори...
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.455
Поени од реакции
22.142
Штом се поврзани со парламентарни албанците секогаш вадат фикс од 250 000, но искрен да бидам јас сум скоро убеден дека од дуи следува бојкот на претседателски, иако тој бојкот ќе биде неуспешен, за опозицијата не сум сигурен, па со таа политика на бојкот и бирање во собрание ќе влезат во новата влада, кога се работи за албанците ретко грешам, не е тешко да се разбере какви муабети се прават во мала речица, политиката на албанците 20 години е деструкција со амин од нашите, штом на нашите толку години не им текна да го намалат прагот од 40% кој е смешен, значи некој друг стои зад ова сценарио.
Мојот пост беше за првиот круг. Ако бојкотираат албанците, нормално ќе бојкотираат во втор круг.
Секој говори од своја перспектива.
Едноставно преферира еден кандидат и тогаш е субјективен, нема ништо лошо во тоа.
Еве и јас сметам дека Стево-Стока нема да влезе во втор круг, дури би сакал админ/модераторот да отвори кладилница ако има можност за такво што, некои форуми имаат такво нешто повеќе како забавна страна.

Јас прв ставам 100ден. дека Стефо-Стоката нема да му гледаме суратот во втор круг!
Кои двајца кандидати според тебе ќе влезат во втор круг?
Напротив, јас мислам дека баш во прв круг разликата меѓу нив ќе биде огромна, а во вториот Стево би се доближил до Гордана. Не само заради гласовите на Албанците кои мислам дека по дифолт ќе одат за Стево, 99%, туку и гласовите на Максим, а веројатно и многу од тие кои ќе гласаат за Ванковска и Стевчо. Во големиот број на кандидати во прв круг јас не гледам гласови кои ВМРО ги изгубил. Не знам, барем тоа е мое мислење, во прв круг може дури и 2:1 да биде разликата меѓу двајцата.
Не се согласувам. Максим, СтевЧо и Ванковска се опозициски кандидати. Поголемиот број од нивните гласачи (од оние кои би излегле на гласање доколку овие 3ца не се кандидати), во моментов се поблиску до ставовите на Гордана отколку на Пендаровски. Доколку ги немаше овие тројца, разликата во прв круг би била и над 150.000 гласови во полза на Сиљановска, меѓутоа овие тројца сега веројатно ќе имаат заедно бројка од околу 100.000 гласа (Стевчо околу 25к, Максим околу 30к и Ванковска околу 50к од прилика).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.349
Поени од реакции
35.575
Зошто мислиш дека некој што гласал во прв круг за Ствечо, Ванковска ---иако е оваа е спакувана НЛП во полза на и не е пристојна ама еве нека ви биде--- во втор круг би гласал за Стево?
Сметаш дека програмите на Стевчо, Ванковска и Стево С. се блиски па затоа ќе има такво гласање или нешто друго е во прашање?
Кој бре гласа за програми кај нас, дај не ме заебавај?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.139
Поени од реакции
4.914
Со испадите на ДПНЕ деновиве особено тоа со Марјан Ѓорчев итекако е можно да влезе во втор круг, многу ни е поделен народот особено кога се работи за бугарија, и пропагандата од еу и сад дека нема подобар договор, дека секој нареден е полош си го прави своето кај психата на луѓето, најлошо е што дпне со испадите за лазо колишевски баш влегува во шинелот на бугарската пропаганда, а народот баш спротивното го бара од дпне.
Јас не знам народ кој не е поделен.
Што мислиш зошто постојат медиумите-партиите, па од кога постои организирано општество постои и принципот подели па јавај, зошто би го менувале кога одлично функционира.
Дека се потценува силта на маркетингот/пропагандата се сложувам.
Твојот забеган антикомунизам не ти дава можност реално да ги согледаш работите.
Колишевски имал значајна улога во создавањето на модерната Македонска држава и ако од него се откажеш токму тогаш играш на карта на Бугаристан и нивната пропагнада.
Цело време говорат дека Македонците биле комунистичка творба, а факт е дека единствено и прва во поновата историја е документот/резолуцијата на третата Интернационала позната како Коминтерна каде Македонците се недвосмислено признаени и ПРИФАТЕНИ како НАРОД и ако вие говорите проотив овие работи при што генерализирате вие всушност играте по нивните ноти...
Не може да исклучуваш одредени периоди од историјата и да земеш само онаа што одговара на твојата идеолошка матрица и за цело време да говориш дека си за Македонија како држава, тоа не оди така.

Зависи Бране со кој ќе се договори...
Сакаш да речеш дека Б.Ц. стои зад Ванковска и Стевчо?
А на Б.Ц. кој му говори со кого и како да се договори?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.349
Поени од реакции
35.575
Ако бојкотираат албанците, нормално ќе бојкотираат во втор круг.
Ама сметај дека втор круг заедно со претседателските ќе има и парламентарни. Значи Албанците ќе МОРА да излезат на гласање. Иако е точно тоа дека ќе се нашол начин технички да се одвојат изборите, што не знам како во пракса ќе функционира, мислам дека многумина нема да знаат за тоа и ќе гласаат и на претседателските избори, т.е. сакале-нејќеле нема да бојкотираат.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.139
Поени од реакции
4.914
Кои двајца кандидати според тебе ќе влезат во втор круг?
Ех во овој луд политички театар се е можно, но можам да ти речам кои 2 би сакал да ги видам во втор круг.
Но и покрај се 100 денари остануваат дека Стево С. нема да биде во втор круг.

Кој бре гласа за програми кај нас, дај не ме заебавај?
Избегна да одговориш, добро.
Јас гласам за програма, на овие избори еден на наредните се надевам ќе бидеме тројца....
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.349
Поени од реакции
35.575
Не се согласувам. Максим, СтевЧо и Ванковска се опозициски кандидати. Поголемиот број од нивните гласачи (од оние кои би излегле на гласање доколку овие 3ца не се кандидати), во моментов се поблиску до ставовите на Гордана отколку на Пендаровски. Доколку ги немаше овие тројца, разликата во прв круг би била и над 150.000 гласови во полза на Сиљановска, меѓутоа овие тројца сега веројатно ќе имаат заедно бројка од околу 100.000 гласа (Стевчо околу 25к, Максим околу 30к и Ванковска околу 50к од прилика).
Колку и да се опозициски кандидати, факт е дека Максим е поранешен член на СДСМ. Многу од неговите гласачи се исто така поранешни поддржувачи на СДСМ. Така што - многу е очигледно. Втор - Ванковска: гледаме со кого најмногу се занимава Апасиев последниве месец-два - со ВМРО. На моменти да помисли човек дека они беа на власт последниве години. Збор не зуцнува против СДСМ. Од таму имам впечаток дека ќе има некој задкулисен дил со Стево за гласовите. Потпомогнато од (иако не знам колку е точно) обвинувањето кое се шушка последниве денови дека СДСМ му помогнало да ги собере потписите. И за крај Стевчо кој е најголемиот сончоглед во историјата на Македонија, мислам. Нешто слично како со Максо, ама во помала мера, некаков впечеток имам дека неговите гласови ќе се поделат на двата табори.

Ќе видиме, ајде, нека стои ова овде. Мое мислење е прв круг - дупла предност на Гордана пред Стево. Втор круг Стево ќе се доближи, ќе биде неизвесно, ама сепак Гордана ќе победи.
Ти викаш сосема обратно. Па ќе почекаме да видиме кој е во право. ;)

Избегна да одговориш, добро.
Јас гласам за програма, на овие избори еден на наредните се надевам ќе бидеме тројца....
Еве го погоре одговорот ^^
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.298
Поени од реакции
5.031
Јас не знам народ кој не е поделен.
Што мислиш зошто постојат медиумите-партиите, па од кога постои организирано општество постои и принципот подели па јавај, зошто би го менувале кога одлично функционира.
Дека се потценува силта на маркетингот/пропагандата се сложувам.
Твојот забеган антикомунизам не ти дава можност реално да ги согледаш работите.
Колишевски имал значајна улога во создавањето на модерната Македонска држава и ако од него се откажеш токму тогаш играш на карта на Бугаристан и нивната пропагнада.
Цело време говорат дека Македонците биле комунистичка творба, а факт е дека единствено и прва во поновата историја е документот/резолуцијата на третата Интернационала позната како Коминтерна каде Македонците се недвосмислено признаени и ПРИФАТЕНИ како НАРОД и ако вие говорите проотив овие работи при што генерализирате вие всушност играте по нивните ноти...
Не може да исклучуваш одредени периоди од историјата и да земеш само онаа што одговара на твојата идеолошка матрица и за цело време да говориш дека си за Македонија како држава, тоа не оди така.


Сакаш да речеш дека Б.Ц. стои зад Ванковска и Стевчо?
А на Б.Ц. кој му говори со кого и како да се договори?
Свесен си што зборуваш? Баш Бугарите имаат проблем со ВМРО и мислењето на Македонците за ВМРО, за Војводите за Комитите, јас немам проблем со Комунизам, Фашизам, или било која друга идеологија, јас имам проблем што во последно време некако почнаа да се величаат Кочо Рацин, Лазо Колишевски, да не зборувам за серијата што моментално се емитува на Сител за Тито и смешниот и скандалозен стереотип за нас Македонците, поентата ми е, не ми смета комунизам, ми смета од комунисти некој да прави преродбеници, а заднината на тоа е да ни направат се пред тоа бугарско како и народноста, колку години треба да поминат за овој народ да се свести на очигледната пропаганда што ни се случува пред носовите?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.455
Поени од реакции
22.142
Ама сметај дека втор круг заедно со претседателските ќе има и парламентарни. Значи Албанците ќе МОРА да излезат на гласање. Иако е точно тоа дека ќе се нашол начин технички да се одвојат изборите, што не знам како во пракса ќе функционира, мислам дека многумина нема да знаат за тоа и ќе гласаат и на претседателските избори, т.е. сакале-нејќеле нема да бојкотираат.
При отворена кампања за бојкот и тоа како ќе успее бојкотот, т.е. нема да успеат претседателските избори.
Во пракса, ти можеш да излезеш на избори на осми мај и да земеш само ливче за парламентарните избори, без да земеш ливче за претседателските.
Еве, на пример, последен пат кога имавме сличен случај, беше пред 10 години. На 27 април 2014та имавме втор круг од претседателски избори и парламентарни избори истовремено.
Значи, во ист ден, буквално исто како и сега, на парламентарните избори во 2014 правото на глас го искористиле 1,120,744 избирачи, додека на претседателските избори гласале 967,676.
Тоа се над 150,000 граѓани кои излегле на гласање и земале само ливче за парламентарните избори, а не и за претседателски.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.139
Поени од реакции
4.914
Баш Бугарите имаат проблем со ВМРО и мислењето на Македонците за ВМРО, за Војводите за Комитите, јас немам проблем со Комунизам, Фашизам, или било која друга идеологија, јас имам проблем што во последно време некако почнаа да се величаат Кочо Рацин, Лазо Колишевски, да не зборувам за серијата што моментално се емитува на Сител за Тито и смешниот и скандалозен стереотип за нас Македонците, поентата ми е, не ми смета комунизам, ми смета од комунисти некој да прави преродбеници, а заднината на тоа е да ни направат се пред тоа бугарска како и народноста, колку години треба да поминат за овој народ да се свести на очигледната пропаганда што ни се случува пред носовите?
Бугарите може имаат проблем со ВМРО (иако и ова треба да се гледа низ периоди пред и по преземањето на ВМРО од страна на Германија) сепак најголем проблем им е периодот по WW2 кој многумина од незнаење го нарекуваат комунизам.
Во тоа време за прв и единствен пат ги полузуваат своите права на национално определување како Македонци.
За прв пат Македонците добиваат КУЛТУРНА автономија во делот кој го викаме Пиринска Македонија!
...
Па така додека во дадени периоди чети на ВМРО застанале заедно со бугарските војски против Србија а за сметка за Бугарија до сега, пред да ни го инсталираат Лудиот Црпе, немавме пример каде некој што за себе говори дека прифаќа лева идеологија застанал со Бугарија против Македонците и Македонија.
Знаеш ли дека во последните измени на Уставот го избришаа темелот на кој е создадена Република Македонија?
Го избришаа АСНОМ а го вметнаа Оридски и Бугарски за темел на македонската држава, и твоето “не ми смета комунизам, ми смета од комунисти некој да прави преродбеници,“ е во најмала сомнително или пак недораснато не знам што би рекол.
Ти смета актуелизирање на Рацин, поет... зошто побогу?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.303
Поени од реакции
3.241
Колку и да се опозициски кандидати, факт е дека Максим е поранешен член на СДСМ. Многу од неговите гласачи се исто така поранешни поддржувачи на СДСМ. Така што - многу е очигледно. Втор - Ванковска: гледаме со кого најмногу се занимава Апасиев последниве месец-два - со ВМРО. На моменти да помисли човек дека они беа на власт последниве години. Збор не зуцнува против СДСМ. Од таму имам впечаток дека ќе има некој задкулисен дил со Стево за гласовите. Потпомогнато од (иако не знам колку е точно) обвинувањето кое се шушка последниве денови дека СДСМ му помогнало да ги собере потписите. И за крај Стевчо кој е најголемиот сончоглед во историјата на Македонија, мислам. Нешто слично како со Максо, ама во помала мера, некаков впечеток имам дека неговите гласови ќе се поделат на двата табори.
Се гледа дека си тотален непознавач на политичките случувања во државата. Прво Максим сигурно нема да ги даде гласовите на Стево Пендаровски, кога него Дпмне уствари му помогнаа да победи против Сдс на локалните избори во Куманово и самиот кандидат на Дпмне си го кажа тоа - нормално сега ќе мора да има вратка не за џабе медиуми на Дпмне му даваат медиумска покриеност и збор немаат кажано лош за него до сега. Друго политиката и членството на Левица е тотално спротивно на онаа на Пендаровски, а Ванковска со Силјановска е во прилично добри односи така да јасно е каде и кој кого ќе подржи во вториот круг.

Стевчо е зафркнат играч и тој не е сигурен на која страна ќе превагне, плус и кај добар дел од Албанците верувам ќе има тивок бојкот во втор круг оти ќе немаат свој кандидат. Единствено Дуи ќе ги влече за уши оние од администрација да гласааат за Пендаровски
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.349
Поени од реакции
35.575
Се гледа дека си тотален непознавач на политичките случувања во државата. Прво Максим сигурно нема да ги даде гласовите на Стево Пендаровски, кога него Дпмне уствари му помогнаа да победи против Оливер Спасовски на локалните избори таму и самиот кандидат на Дпмне си го кажа тоа - нормално сега ќе мора да има вратка не за џабе медиуми на Дпмне му даваат медиумска покриеност и збор немаат кажано лош за него до сега. Друго политиката и членството на Левица е тотално спротивно на онаа на Пендаровски, а Ванковска со Силјановска е во прилично добри односи така да јасно е каде и кој кого ќе подржи во вториот круг.

Стевчо е зафркнат играч и тој не е сигурен на која страна ќе превагне, плус и кај добар дел од Албанците верувам ќе има тивок бојкот во втор круг оти ќе немаат свој кандидат. Единствено Дуи ќе ги влече за уши оние од администрација да гласааат за Пендаровски
Се гледа дека тотално не знаеш да читаш. Каде пишав дека некој некому ќе ги даде гласовите, ај те молам просветли ме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom