Уставот/амандманите се најдоброто нешто во врска со САД и ако ме прашуваш мене треба цел свет да го следи нивниот чекор, а не да се одалечува и да ги следи Русија и Кина во начинот на владеење и живеење. Најлошото е што во самата Америка повеќе не се почитува тоа што е најсвето за нив и ги отфрлаат идеите кои го направиле САД да биде посакувана и ветена земја за стотици милиони луѓе ширум светот.

Ова е тој суштински дел што мнозинството луѓе (од омраза према јенките) не го сфаќаме и не се трудиме да го ископираме. Веруваат дека колку помоќен државен систем, толку поголемо владеење на правото, иако во реалност сосема спротивното се случува и како ноеви си тераме. Но штом "начитани" членови на форумов се надеваат дека кинескиот или рускиот систем се здрави системи кои овозможуваат развој и дека во новиот поредок нема да има елита, со среќа на младите.
Историски сите држави својот најголем развој го доживеале кога државниот систем имал мало влијание, посебно во економијата.