Повеќе не е прашање дали ОТАН ќе влезе со војска во поранешна Укераина туку,
Кога ќе се случи тоа!
Ако до пред извесно време имаше колебања/разговори во јавноста околу тоа дали и кога со директен напад врз РФ од страна на ЕУСА-НАТО, деновиве се очесто имаме изјави дека интензивно се разговара за тоа и е прашање на време кога ќе биде донесена одлука.
Најпрво Германија, Британија и Франција склучија некакви си договори (нема јавни податоци за тоа што содржат тие договори, ама не е толку тешко да се претпостави) за воена соработка и помош со Украина. Овие договори се резултат на неуспешната севкупна ЕУСА политика кон Руската Федерација, тие веќе толку длабоко навлегоа во калта што пак говори дека тешко би се извлекле без директен воен судир.
По Роберт Фицо и Макарон изјави дека во Париз е разговарано за вклучување на ОТАН во војната...
Ако Роберт беше изваден од контекст и Макарон ли е исто?
Можно сценарио за влез на НАТО-трупи во поранешна Украина.
По се изгледа најпрво би испратиле некакви сили кои би биле распоредени во деловите на западна Украина кон Приднестровје од страната на Молдавија.
Овие сили би биле јавно претставени како мировни сили кои се во Украина за да помогнат да се склучи некаков мир.
Како резултат на ова, голему сили од ВС на Украина би биле ослободени, а кои се во моментов распоредени према Белорусија и во деловите на западна Украина, тие сили (би биле упатени по повик на Зеленски а според договорите кои се веќе склучени) би биле упатени во регионите каде во моментов се водат жестоки судири во кои укросилите се повлекуваат и заради недостаток на техника и оружје како и заради надмоќта на руските сили кои перманентно вршат притисок на целиот фронт и напредуваат.
Опасноста од овие НАТО сили е голема, затоа што РФ нема да знае дали се тие само во тие делови или пак се измешани со укросилите и вршат напади врз Руската Федерација, што пак ќе значи дека РФ овие сили ќе ги смета за непријателски и сили од кои е загрозена нејзината безбедност и територијална целовитост.
По влегувањето на ОТАН силите набрзо ќе излезат со своја веќе испитана и тестирана технологија и ќе прохгласат зона за забранети летови.
Ова ќе биде врвот по кој РФ мислам дека е за очекување на жестока реакција каде РФ ќе одговори и ќе уништи повеќе воени ефективи како во самата Украина така и во соседните земји членки на НАТО.
Се рзбира ова е само едно од повеќете сценарија кои се разгледуваат и кое според многумоина е изгледно.
Во секој случај, изјавите од повеќето фигури во ЕУСА/ОТАН ветуваат за подигање на влогот и ширење на ескалацијата.
Муабетот не е официјален влез на НАТО/САД во конфликтот него да пратат некоја од Балтичките земји или Полска да креира зона на влијание по повик од Украина и со тоа да ги одврати Русите од централна и западна Украина.
Како си го напишал оваа како да си на директна линија со штабот на ОТАН во Брисел и те брифираат веднаш по носење на одлука.