Едно не ми е јасно.
Односно, јасно ми е дека како нација патиме од кратка колективна меморија, ама шарена револуција не беше пред 20 години, пред 7-8 беше.
Упорно и постојано се повторува тој наратив, дека Ванковска и Сиљановска биле дел од шарена револуција.
Не знам дали тој спин е пуштен со намера, или просто од незнаење, а повеќето само слушаат и го повторуваат истото, без да знаат/проверат која е и каква е вистината.
Обично велат стопати повторена лага станува вистина, ама вистината е дека
Ванковска не само што не беше дел од шарена револуција, туку беше еден од најголемите критичари на таа шарена револуција. Едноставно е, вратете изјави од 2016та и ќе видите.
Не сум и адвокат и шеф на изборен штаб на Ванковска, ама едноставно вистината е сосема спротивна на тоа што се пишува деновиве.