На мускули, публика и на сурова сила на крај. ама подобро победа со лоша игра, отколку пораз со добра игра.
Бодојте се памтат, се друго се заборава.
Иако многу лесно можеше да оди у
сезоната,на сам старт.
Ова денес треба да е многу сериозна опомена, дека нема лесен противник.
Наредна ваква игра и губиме бод(ој) сигурно.
Сите играт, сите се мотивирани, посебно со нас, така и треба да биди.
Не можи бе да ги потценваш другите, играчи да одмараме, не играте со Голден Арт.
Охрид е една многу сериозна екипа, со широк ростер и лесно можеа денес да победат.
Далеку се појаки од есента, ја имат убрзано играта, Дрогата и Шешиќ не се појќе експонирани ко досега, не се тромави ко на времето, играт доста солиден ракомет.
Јапонецо, Јукиќ, солидни засилувања, плус Темо, Сафранко, па и Крстевски, доста солидна бековска линија.
Добри крила денес, голманите одлични. ги имаа сите предуслови денес да не попарат.
На крај, со тро поголемо залагање на крај, малку среќа, Кизиќ и искуството на Фитило и Жаре до победа.
Многу лежерно се влезе во мечот, ко небаре сами бодојте ќе си дојдат.
Не оди така другари.
Со Бутел го играт Тајник скоро цел меч, денес на клупа.
Каде бе?
Ваков, таков, критикуван, потценет, дечкото е прв и најдобар плејмејкер на оваа екипа и не можи да го оставаш на трибини.
Нема логика да играт по 60 минути во ЛШ, ко сме однапред осудени на пораз, а за најважното во сезоната да ги чуваш најважните и најскапите играчи?
Сега ако не играт за шо ги земавме? За турнирот во Добој?За турнирот во Струга?
Сери го фрлат во игра, уште незалечен.
Васиљев цело прво на клупа, ептен измешана постава.
Фитило го прегореа, со Кил речиси 60 минути, напред назад, денес исто.
Барем за напад само да го користат, да не си ја чука глата во одбрана.
Игра чоеко со 100 и кусур %, нема збор, ама не можи сам.
Се троши многу, мора да се уклучи некој од другите.
Борзаш цело прво на клупа, второ лимитирано.
На крај ако не влезеше Борзаш ќе беше весело, Танкосен многу слаб денес, тотално безопасен, го знаеја Охрид то.
Со Борзаш се отвори тро појќе простор и раширивме некако за тие тешки голој под пасивен шо ја решија утакмицата...
Не знам шо се случва со Цехте, ќе изигра една нормална утакмица, наредна утакмица не го барај, денес невидлив, тотално безопасен.
Без замена плус на десен, ко со играч помалку да играме.
Арно шо то Јапончето во второ папса, иначе ќе не реметеа.
И Аљушо се изгуби со ротацијата во второ, паднаја на крај на кондициа, иако имаше уште некој да изротира.
17 гола да примиш ти на полувреме, јасно е се. то доволно кажва шо се играше во одбраната.
Среќа шо Темо напушти брзо, ако играше во второ, ќе ни напраеше GANG BANG на 2и3,
Малку со Васиљев во второ се затвори та промаја во одбрана,ама пак, генерален впечаток за играта денес е лош/
Гедбан прими еден куп пацерски голој, катастрофа денес.
Многу зицери промашени, пенали, капак на се и Манасков црвен дирек.
Арно Кизиќ шо влезе со време, чоек за пресврт, иначе ништо немаше да биди.
Сега нека се средат малку, да се одработат тие две утакмици во ЛШ.
Да се поработи на уиграност, на некој тактики во напад,
Без форсирање многу, посебно не на то гостовање со Колстад во гости.
Оти одма по Колстад одиме во Кавадарци.
Таму со ваква игра тешко дека ќе напрајме нешто, има да не искршат од ќотек.
Мават, тепат, на гла се бесат, како оси се.
Не дека имат кузнеј шо тим, ама та борбеност ги прај да бидат многу опасни.
Ако ни излезат со истурена одбрана, тешко нас ќе биди.
Ќе го отсечат Фитило, па ќе си шептиме после.
Ќе фрламе топки на пикер на ќоро.
Без одбрана многу тешко ќе оди на тие гостувања.
4 тешки гостувања, со ваква променлива и неконстантна игра нереално ќе биди да очекуваме победи, негде ќе се лизниме сигурно.
Ваљда ќе извлечат некоја поука од ова денес.
Зошто секој пораз е чекор подалеку од титула.
А, да не заборајме дека сме втори и треба да чекаме Алкалоид негде да киксни,