Еден совет да дадам, ако вашето милениче фати болви (годинава најмногу ги има) НИКАКО немојте да одите во Пет Шопови да барате спас. 3000+ денари фрлив на гладно срце на секакви шампони, спрејови, ланчиња и други тракатанци, нитуедно не му помогна на мачоров дома.
Во очај последно нешто што пробав е што појдов во ветеринарна аптека (препорака, одма до Даре Џамбаз спроти УЈП има една мала аптека), човекот не само што ми даде совети за овие болвиве, туку ми даде едни дански ампули што се ставаат на мачорот позади глава и врат кај што не не може да се лижи...верувајте за 2 дена се прочисти животинчево, и расположение смени, и му се крена апетитот како порано, ми го препороди што се вели.
Пет Шоповиве жими се се само парите да ти ги земат, држат секаков шунд по тоа полиците.