Незнам оти очекувате сите некој да киксни...
Воопшто треба да очекуваме само 14/14 и да немаме повреди до крај на сезона.
Треба само ротацијата да функционира оти ако се оди со "куц куц" ништо нема да извлечеме од тоа шо имаме за нијанса подобри играчи.
Отсуството на Сери се надевам ќе го искористи Павле да се наметне во ротација на 3-4 оти ни треба побрз играч на таа позиција кој ќе може да излезе на висока 6-0 позиција да го запре нападот од старт.
Ако амбициите на клубот се догодина да одиме во Europa League мислам не треба да се расфлаат со пари на скапи играчи од типот на Богдан или некој екстра среден/десен бек.
Треба да им се даде шанса и да се поработи индивидуално на технички план со Павле со Емко а посебно на физикусот на Емко. Детето да има талент има скок шут но се губи почесто не може да следи чекор. Павле пак да не ја прави грешката да игра со глата надолу како шо го правеа/прават и Талевски и Кузмановски оти ќе остане само специјалист во одбрана.
Вклучување на Бели во тимот за догодина, Самоил можи но би рекол нека начука полнолетство па во прв тим, Мирче (19) а и Алем (17) рано им е за прекоманда нека добијат поголеми самодоверби.
Проблем голем е то шо федерацијата неофицијално бара еден активен тим во Супер лига, ништо чудно да ги турнат сосила и да опстанат Вардар Неготино и Куманово.