Д-р Маја Манолева,
...
во 1999 год била вработена на проект на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и УНИЦЕФ за здравствена заштита на бегалците од Косово.
...од
2000- 2006 год работи како матичен лекар во приватна здравствена установа.
2006 година започнала специјализација по физикална медицина и рехабилитација на Медицинскиот Факултет Скопје, па 2011 -2013 год работи како специјалист по физикална медицина и рехабилитација во приватна здравствена установа.
... во
ноември 2013 год вработена како специјалист по физикална медицина и рехабилитација во ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје.
...до тука би било нормална нагорна професионална медицинска кариера, но дали е тоа доволно да се даде само Хипократовата заклетва?
...изгледа не е доволна Хипократовата заклетва, дадена е изгледа и друга политичка заклетва и веќе се добива друг правец најхуманата професија кај д-р ММ.
...во
2017 год започнал трет циклус докторски студии на студиска програма Клиничка медицина, а во август 2017 год била именувана за Медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје.
...
2019 год избрана била за асистент на Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во 2022 год избрана била за член на Извршниот одбор и Потпретседател на Лекарска комора.
... др ММ, со даден предлог да биде заменик министер, со недадена нејзина биографија била уште ВД Директор на јавната здравствена установа завод за физикална медицина и рехабилитација и истовремено управител на приватната здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ за што била опоменета од ДКСК,
во последно време сите медицински лица кои покрај Хипократовата заклетва ја имаат и онаа политичка заклетва како отскок за голем профит и титули за краток период без конкуренција седејќи не на две туку на три столици.
... во
март 2023 год била избрана за Заменик министер за здравство во Владата, до денес!
„не ја говори вистината„ тоа значи
ЛАЖЕ?
...зарем е ова хуманоста и Хипократовата заклетва на д-р ММ или другата политичка заклетва со предизборен сленг „Ќе јадиме живо месо“ ?
дополнителни бонуси од политичка заклетва,
цитирам:
„...Ќерката на заменик-министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева, како млад електротехнички инженер стана директор на Соле 24, новоетаблирана компанија за тргување со електрична енергија во Македонија, која истовремено редовно му продава големи количества струја и на ЕСМ.
Од минатата недела младата Тина Манолева е поставена за нов управител на компанијата, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, по што во 2022 брзо се етаблираше во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар во земјата.
Во последните година дена Соле 24 редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија кога производството не може да ги задоволи потребите, а тоа го прави често во последно време. Државните електрани знаат месечно да потрошат и по неколку милиони евра за купување електрична енергија од приватните снабдувачи, а Соле 24 речиси постојано е еден од понудувачите на набавките заедно со трговци од типот на ЕТМТ, ГЕН-И, Футуре Енерџи, Данске Комодитис, Дуферко и други.
Пред десетина дена ќерката на заменик-министерката Манолева е основач и на фирма која првично треба да се бави со угостителство. Тина Манолева и нејзиниот брат Андон Манолев ја регистрирале „Кабранти“ со подружница СКП 5 17 што треба да претставува кафе-бар во новоотворениот Дајмонд Мол во Скопје. Партнери на ќерката и синот на Манолева се Бранкица и Катерина Тунџеви, ќерките на Борис Тунџев, долгогодишниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности...“
П.С.
па потоа зашто АА од ДУИ и негови внуци и фамилија правеле онака или овака кој од кого зема пример, појма немам, ама каде ќе им иде душата кога има толку сиромаштија и толку болни како Леонид што им треба помош во намачената Македонија, не ќе да е на арно!