Аман бе, e ова е тоа што го зборувам, македонче ќе најде 5000 причини зошто да не го направи нештото, ама ниту еден бенефит
Aми нема да ја имаш таа сметката за вода кон општината, и не доаѓаат секој ден туку еднаш во неколку недели, плус гарантирам дека правиме муабет за некоја си смешна сума од 200 евра разлика на годишно ниво, пари кои секое второ домаќинство ги спичкува на кафе или купување срања што не им требаат. И на крај од денот правиме муабет за локации каде нема да имаш вода и канализација, а имаш илјадници парцели во мкд каде ги имаш овие работи, па никој не оди да живее таму.
Базенот е луксуз, и тука не секој има базен.
Факт е дека куќата е поскапа за одржување, поседувам куќа, живеам во куќа, и знам колку кошта, но раатот што го имам таму не сум го имал никаде во станови, а живеев 12 години низ Скопје во станови, и неколку месеци тука.
Има начини како да ти извади повеќе таа куќата, само нема да си со пантолони до глужд, електричен тротинет и урбано кафе/смути. Ако засукаш ракавите има милион работи од кои може да извадиш екстра кеш во куќа, со минијатурно знаење, го имаш просторот и приватноста.
Како дете израснав во куќа, имавме само една нестабилна плата од 8к денари, ама затоа дополнувавме со останатите работи (земјоделие, пчеларство, трговија). Да не сме биле во куќа, малку потешко да ги извадевме парите кои доаѓаа од дополнителните работи, а воглавно живеевме од нив.