Благодарам.
Ќе пробам во иднина со различни соговорници кои ќе влетаат на темава да пробам да не помислат дека ги напаѓам, туку да сфатат дека воопшто не ми е грижа во што веруваат, какви ритуали изведуваат, дали изведуваат, кои богови и идеали имаат во животот - бидејќи, мене како Телемит не ме интересира ничија Волја ниту имам потреба да ја знам, да ја поддржувам или негирам... ме интересира само да зборувам за Телема и да објаснувам и споредувам со други учења и верувања. Толку.
Бидејќи, бидејќи сум ја прифатил
„Книгата на Законот“ како начин на дејствување меѓу луѓето и боговите, сум прифатил и она што е дадено во
Liber Oz или
Правата на Човекот - за да не биде збунувачки, наједноставно кажано - како што јас имам слобода да правам што ми е волја и прифаќам дека сум Ѕвезда со своја орбита, исто така прифаќам дека и секој друг го има тоа право, да има апсолутна слобода и да ја пронајде својата Волја додека талка меѓу луѓето.
Правата на Човекот или
Liber Oz може да го читнете
тука, а мои кратки коментари за истата може да ги ѕирнете
тука, може она што можеби не Ви е јасно, да ви стане појасно (Се надевам нема уште повеќе да го заматам разбирањето на истата)
Мене ме тангира (а и секој друг би требало) ако и само ако нечија патека ја пресекува мојата патека со наум да ми го сопре движењето заради нивното верување како треба да е уреден туѓиот живот на база на нивното разбирање на етиката, моралот и се останато... посебно ако доаѓа од верување во свети книги. Тогаш доаѓа до двобој
Но и тој двобој е братски од моја страна! Така сме научени...
„... во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.“
-
Порака на Мајсторот Терион
Луѓето се чувствуваат нападнати бидејќи не очекуваат вакви муабети на пдф „Религија“. Како да очекуваат со една мисла или една навреда (низок удар) да „победат“ во некаков натпревар на надмудрување на вакви теми ....
Во минатото (кога јас дојдов тука на овој подфорум, 2010-та) цело време другата страна обвинуваше и сатанизираше - и сега кога тоа не може да се прави повеќе така едноставно , некои се чувствуваат нападнати, а нема потреба така да се чувствуваат. Тоа може и да им е оправдување за да не им коментира човек, да се чувсвуваат некакви „победници“ во дискусијава тука... не знам, различни соговорници, различни ситуации...
Не треба страв од идеи кои може твојот или нечиј туѓ став и идеи да ги промени... промената е добра работа.