Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.163
- Поени од реакции
- 12.142
Мислам дека ако продолжиме вака нема воопшто да зборуваме за Трифун и зошто и како се прославува овој празник низ Македонија (иако секаде е исто на ова парче земја). Сигурно не ја исцрпивме темата за Трифун кој што пострадал многу за верата!
Инаку, едно е земјоделство и сам на своето, друго е закован за работно столче 8+ часа и молење за 2 дена слободни да ти дадат (ако те следуваат и не си ги потрошил сите денови од одморот)!
Многу од празнувањата и самите ритуали не биле наменети за сите. Денес ја имаме идејата дека за секој важи истото, иако реално не важи, ниту важело некогаш...
Има/ло прослави. Денес послабо се прославува, се е тажачки и гледање кон смртта. Се што има позитивна прослава, вистинска прослава со радост и уживање е останато од старите верувања и пракси и ритуали. Избледени но ги има, „фала богу“
Вакви ритуали и празнувања останале од дамнина. Секогаш кога ќе видиш празнување знај дека е додјено од дамнина и вкоренето во денешните обичаи и верувања и дека постои врска со минатото.
Прочитај погоре токму за овој период кога се слави св. Трифун дека се славело и порано, со вино и кроење и слично... имам споделено од вики текст.
П.С. За крвта и виното и како многу крвни жртви се заменети со виното (дури и во православното христијанство крвта на Исус според светите книги е заменета со вино денес во самите ритуали, уствари литургии не смееме да велиме ритуали), има книги и по нет да се прочита многу. Иако „курбан“ сеуште има и кај нас... животинска крвна жртва, нормално не е упатена кон божество, туку да се заштити домаќинот... една форма на магиски ритуали. Црквата сака да го искорени тоа, да се заборави на тоа, но народот си го носи наследството со себе и не се грижи премногу за цркви и организации.