jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.418
Ок другите податоци нема да ги коментирам, дека се очигледни и во генералните бројки севкупно испаѓа дека со повеќе СУВ-ови патиштата се побезбедни. Тука само накратко ќе речам дека тргнувам од тоа дека СУВ-овите се возат пополека, генерално безбедносните мерки, како предупредување, следење на пешаци, превентивно запирање и слични мерки се се понапредни и сл. Но бидејќи сите овие безбедносни мерки ги има и во модерните ниски коли, тогаш претпоставувам дека само културата на возење на Сув-овите е поинаква. Гарант можат да се најдат точни одговори во статистикиве, само мора човек да има време да нурне во нив.Многу спротиставени работи има во овој краток пасос.
Дај да ги појасниме тие твои спротивности: Сам покажа статистика која кажува дека СУВ-ови убиваат 3+ ПАТИ повеќе луѓе во судар со обични аута. Зошто таа статистика би била „навидум“ негативна за СУВ-овите? Ако тоа е навидум, што е вистинското? Жити сѐ објасни го ова, сеедно дали како експерт или како лаик. Но објасни го.
Значи ајде сега да се навратиме на бројките за меѓусебни судари. Значи проекциите што ги кажувам се доколку се укинат сув-овите бидејќи како што викаш се курч. Во тој случај правиме паралела со истите бројки во два паралелни случаи, значи ќе пресметаме што ќе се деси ако ги укимене и леките возила и сувовите. За да видиме во кој случај би дошле до помала бројка.
Еве ќе пресметаме со бројки од 2021. Имај во предвид дека тенденциите на бројките од САД се тие, тоа го докажува фактот дека и со зголемен процент на СУВ-ови тенденцијата и процентот е тој и само малку варира. Па така бројките што ќе ги пресметаме би биле со точност од над 90% доколку би се вовело успешно сценарио на укинување (по мене невозможно). Ако сакаш можеме да ги пресметаме наназад тенденциите во годините и да видиме дека можеме успешно да направиме предикција за следната година. Тоа е впрочем статистиката, поготово на олку големи бројки.
За да ми биде полесно, ќе ги заокружам бројките на милион па така во 2021 имаме 107 милиони леки возила и 170 милиони возила со високо подвозје или вкупно 277 возила од овие два вида.
Ќе ја користиме оваа табела пошто ми е полесна за рачунање, ако ја спориш, може и другата да ја пресметам без проблем:
судар лека кола со лека кола имаме 1,583 жртви или 0,00148% од вкупниот број на леки коли.
судар СУВ со СУВ имаме 2,107 жртви или 0,00124% од вкупниот број на СУВ-ови
судари помеѓу СУВ и леко возило имаме 3,936 жртви
Тоа му доаѓа вкупно жртви 7,653
Е сега ако рачунаме колку жртви би имало доколку постојат само леки возила. Тоа значи дека доколку би имало 277 милиони леки возила, со тенденција од смртност во меѓусебни судари од 0,00148% би добиле бројка 4,099 жртви тоа е вистина помалку за 7,653-4,099 = 3554
А да го видиме сега и другиот случај, доколку имаме 277 милиони Сувови и нивната тенденција за смртност во меѓусебни судари од 0,00124% тогаш би добиле 3,434 што е помалку за 7,653-3,434 = 4,219
Ако ги спредиме двете бројки меѓусебно тогаш добиваме. 4,099-3,434 = 665 помалку жртви доколку би се укинале леките возила, наспроти Сув-овите.
Ја земав споредбата за 2021 бидејќи е во поповолна состојба за леките возила, одколку 2020, најверојатно поради новата класификација.
ЕДИТ, се извинувам ова не е по жртви туку е по број на фатални несреќи.
Последно уредено: