- Член од
- 16 август 2018
- Мислења
- 70
- Поени од реакции
- 104
На почетокот беа тешки пљачки низ Австрија, Белгија, а највеќе во Дојчланд. Ама тоа беа времиња кога само банките имаа поставено камери, и скоро никаде на друго место. Па кога овој занает беше на залезот на животот заради глобалната компјутеризација , самиот се трансформираше во т.н. Франкфурт мафија (на почетокот дел луѓе од стариот занает) и таа беше негова продолжена рака, нормално на расчекор на една жива генерација каде младите созреваат и им требаат пари , а старите мудруваат.Многу мал бев тогаш за до толку да сум ги разбирал работите ама еден друг комшија(Скчето го викаа на прекар) беше нашмркан 24/7, ликот немаше возачка и возеше само моторче па жена му беше шофер
Имаше две ќерки, девојчињата во локалната продавничка се утепуваа од пиење кока коли, за нас нешто незамисливо во тоа време како деца на работничка класа. Него мислам дека не го уапсија тогаш ама за жал проднал сам по себе како што разбрав последно. Има неколку луѓе што до ден денеска си живеат поштено а почнале од тоа ама најверојатно не се навлекле и знаеле како со парите.
Некои пишуваат дека тоа била аматерска организација шо не е точно. Во секоја организација има хиерархија и долниот ешалон најчесто се аматери, така и во оваа. Значи не може да биде аматеризам правење нелегален кеш низ улици, одредени луѓе кои го собираат, па одредени луѓе кои го транспортираат тој кеш во Македонија, па тука друг го прима за на крај да дојде до тој шо е како магнетизиран за пари.
На почетокот беше класична војна за преживување и буквално, чеченци, руси, криповци, наркомани, рекетари, опасна работа беше да се впуштиш без да имаш било какво искуство...