ЗНАМ е можеби најдобра опција во моментот, краткорочно, и покрај тоа што Максим директно учествуваше во уништувањето на македонското заедно со СДС. Барем моите познаници, чесни луѓе од круговите на СДС и ДПМНЕ поради гомнариите на овие партии, се префрлени во ЗНАМ под водство на Максим. Мислам дека не е случајно. Кога ги отфрлаш СДС и ДПМНЕ од избор, а знаеш дека Девица долгорочно гледано е полош избор можеби и од СДС и ДПМНЕ, ЗНАМ ти доаѓа единствена опција. Веќе пишав, наместо "за кого" ќе гласаме "против кого", па сметам дека ЗНАМ засега е најдобра опција, барем до наредните избори додека не излезат нови просперитетни дечки или да се види правото лице на Девица со очекувано некој пратеник плус. По мое, најважно е секој македонец да излези на избори и да гласа за било која македонска партија (макар гласал и за СДС) за да сме процентуално повеќе од албанците и албанските партии, а со оглед дека 70% од младите македонци не се замараат за политика или се давајгаз, сметам дека ќе оди тешко.