Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
30 јануари 2022
Мислења
5
Поени од реакции
1
каков тип на документ од IBKR прикачувате за капитлана добивка? гледам дека Realized Summary го нема делот кога се купени акциите, има само дека се продадени во изминатиот месец. пример, јас имам некои кои ги купив претходната година а ги продадов во јануари, а е-пдд бара документ и кога сум ги купил...
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
"Referenca sum jas , ti kazuvam licno iskustvo, no ne od mk. "

Очигледно не живееш во МК 183+ денови, не си пријавувал капитална добивка во 2023 или 2024та во УЈП, и дефинитивно шириш неточни информации!
Автоматски споено мислење:
Ne mi otkrivaj topla voda, ti kazuvam kako funkcionira vo svetot I kako treba da bide i vo mk. I tolku!

Ne se toa netocni informacii, se raboti za „netocen“ zakon. Gluposta e vo toa sto so vakov zakon nema da ima nikakov napredok vo smisla na finansisko obrazovanie I napredok osobeno kaj mladata populacija .

Kapitalna za 2024 hahaha…toa vo Mart April 2025. Uzivaj !
 
Член од
18 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
4
"Referenca sum jas , ti kazuvam licno iskustvo, no ne od mk. "

Очигледно не живееш во МК 183+ денови, не си пријавувал капитална добивка во 2023 или 2024та во УЈП, и дефинитивно шириш неточни информации!
Автоматски споено мислење:

Во зависност од брокерот, во месечниот извештај треба да има затворени позиции со информација колку си купил и по која цена, и колку си затворил и по која цена. Во резултат како профит ќе стои $150 и врз основа на тоа пријавуваш $150 како капитална добивка. На една пријава ги ставаш сите затворени позиции од минатиот месец. Пример, за затворени позиции во Јануари 2024 се пријавува до 10-ти Февруари 2024.
Аха, фала ти. Баш сега го најдов тој извештај. Користам Trading 212 каде направив директно акаунт, гледам доста одат преку ИБКР преку банка. Претставува тоа некаков проблем од легален аспект кај нас или не? Последно што знам смее да се отвара ваква сметка за трејдање по закон.

Јануари затворив позиција на 4 акции, во 3 од нив изгубив 9 долари, а на една добив 22. По тоа што разбрав данокот се пресметува на 22 долари т.е. 2 долари данок.

Ептен сум почетник па затоа и вака смешни суми имам
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
Здраво на сите

Имам Интерактив брокерс акаунт со мк документи, планирам да напрам депозит со Wise (регистриран со бг документи), дали би имало некаков проблем при withdraw на македонска банка, т.е различна од таа што ќе напрам депозит (Wise).
Иначе Wise е регистриран со мое име - идентично како Интерактив брокерс акаунтот.
 
Член од
5 февруари 2024
Мислења
147
Поени од реакции
239

otvori si bg smetka i povlekuvaj tamu da bides raat i da ne te baraat od mk banka i ujp u kraen slucaj
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
otvori si bg smetka i povlekuvaj tamu da bides raat i da ne te baraat od mk banka i ujp u kraen slucaj
Имав, но ми побара некоја “верификација“ после подолго време и при Wise и Интерактив, особено Wise, едвај го спасив, блокиран ми беше привремено. Требаше да им прикачам документ како доказ дека живеам во БГ. Успеав некако, отворив сметка во бг банка, и со тој документ помина некако. Ги извадив после тоа парите од Интерактив, да ми биде мирна главата.
Сега планирам мк Интерактив и да правам депозит со Wise (бг), па евентуално доколку не функционира Wise, да правам withdraw (во подалечна иднина), на некоја мк банка (ако е можно).
За УЈП многу не му е мислам, од причина што планирам на долг рок, прочитав дека доколку поседуваме акции над 2 години сме ослободени од данок, па и да платам, само да сум раат.
 
Член од
9 февруари 2013
Мислења
4
Поени од реакции
6
каков тип на документ од IBKR прикачувате за капитлана добивка? гледам дека Realized Summary го нема делот кога се купени акциите, има само дека се продадени во изминатиот месец. пример, јас имам некои кои ги купив претходната година а ги продадов во јануари, а е-пдд бара документ и кога сум ги купил...
Може да си направиш/дизајнираш твој извештај во IBKR. Важно е да се гледа која позиција си ја затворил и кога е отворена и по која цена. За жал треба рачно да ги собериш сите профити од затворените позиции. Оди во Performance & Reports > Statements > Custom Statements и кликни на плусот (+). Стави ги следниве работи во извештајот:
- Account Information
- Change in Position Value
- Complex Positions
- Dividends
- Financial Instrument Information
- Legal Notes
- Trades
- Transaction Codes
- Transaction Fees
- Withholding Tax

Profit and Loss : Realized P/L Only
Group Buys and Sells per Symbol in Trades Section?: Yes
Се друго "No".
Format: PDF
Period: Monthly

Ова е тоа што може да го закачиш за УЈП и да го користиш за капитална добивка и за доход од капитал (дивиденди). Но ќе треба рачно да ги собереш само добивките, затоа што загубите не се одземаат во МК од странски инструменти. Во овој документ како што ти го опишав, ќе пишува кога си ја купил и по која цена, односно "Closed Lot".

Аха, фала ти. Баш сега го најдов тој извештај. Користам Trading 212 каде направив директно акаунт, гледам доста одат преку ИБКР преку банка. Претставува тоа некаков проблем од легален аспект кај нас или не? Последно што знам смее да се отвара ваква сметка за трејдање по закон.

Јануари затворив позиција на 4 акции, во 3 од нив изгубив 9 долари, а на една добив 22. По тоа што разбрав данокот се пресметува на 22 долари т.е. 2 долари данок.

Ептен сум почетник па затоа и вака смешни суми имам
Брокерот не игра улога се додека ти нуди некој корисен извештај. Од Trading 212 го користиш месечниот извештај кој ти пристигнува на маил во кој ги пишува затворените позиции, и тоа е извештајот кој го ставаш за УЈП, како слика или PDF, сеедно е. Да, пријавуваш $22 и ќе имаш данок $2 за плаќање после 10% ослободување за трошоци.
 
Член од
18 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
4
Може да си направиш/дизајнираш твој извештај во IBKR. Важно е да се гледа која позиција си ја затворил и кога е отворена и по која цена. За жал треба рачно да ги собериш сите профити од затворените позиции. Оди во Performance & Reports > Statements > Custom Statements и кликни на плусот (+). Стави ги следниве работи во извештајот:
- Account Information
- Change in Position Value
- Complex Positions
- Dividends
- Financial Instrument Information
- Legal Notes
- Trades
- Transaction Codes
- Transaction Fees
- Withholding Tax

Profit and Loss : Realized P/L Only
Group Buys and Sells per Symbol in Trades Section?: Yes
Се друго "No".
Format: PDF
Period: Monthly

Ова е тоа што може да го закачиш за УЈП и да го користиш за капитална добивка и за доход од капитал (дивиденди). Но ќе треба рачно да ги собереш само добивките, затоа што загубите не се одземаат во МК од странски инструменти. Во овој документ како што ти го опишав, ќе пишува кога си ја купил и по која цена, односно "Closed Lot".

Брокерот не игра улога се додека ти нуди некој корисен извештај. Од Trading 212 го користиш месечниот извештај кој ти пристигнува на маил во кој ги пишува затворените позиции, и тоа е извештајот кој го ставаш за УЈП, како слика или PDF, сеедно е. Да, пријавуваш $22 и ќе имаш данок $2 за плаќање после 10% ослободување за трошоци.
Само што пријавив вака и ми ја прифатија одма со тие документи.
 
Член од
18 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
4
Само да пишам дека од Трејдинг 212 има проблем со вадење на парите на сметка. Бараат некои документи, договори кои ги нема
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ZFZ

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Кои ви се размислувањата за МЕТА во моментов, на краток и среден рок?

Купив солидни пакети кога беше околу 200, па втора тура на 230тина, и се мислам дали да одам со купување или да ставам put на 285, по интернет гледам поделени мислења.
Автоматски споено мислење:

TSM, CRSR, RTX, RHM (од другите воени ако имаш повеќе инфо за SAAB-B, BA.L, GD и HO.PA, сите се големи производители на муниција и системи кои се користат во војната во Украина, истата ќе потрае и се поизгледно е да се отворат големи конфликти низ Африка).
Да се цитирам самиот, ооо МЕТА душа моја :love: 473 во моментов, единствената грешка ми е што не зедов уште повеќе, иако во моментов ми се најголема позиција од портфолиото

Исто ми брмчи мозокот да го земам кинескиот индекс SHCOMP, од кинезиве во моментов ги имам само БАБА, и како посигурна алтернатива ми се чини овојпат да турам во цел индекс, не би се изненадил ако им се оправи економијата овој да рипне и над 25% до наредна година.
 
Член од
20 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
5
Може да си направиш/дизајнираш твој извештај во IBKR. Важно е да се гледа која позиција си ја затворил и кога е отворена и по која цена. За жал треба рачно да ги собериш сите профити од затворените позиции. Оди во Performance & Reports > Statements > Custom Statements и кликни на плусот (+). Стави ги следниве работи во извештајот:
- Account Information
- Change in Position Value
- Complex Positions
- Dividends
- Financial Instrument Information
- Legal Notes
- Trades
- Transaction Codes
- Transaction Fees
- Withholding Tax

Profit and Loss : Realized P/L Only
Group Buys and Sells per Symbol in Trades Section?: Yes
Се друго "No".
Format: PDF
Period: Monthly

Ова е тоа што може да го закачиш за УЈП и да го користиш за капитална добивка и за доход од капитал (дивиденди). Но ќе треба рачно да ги собереш само добивките, затоа што загубите не се одземаат во МК од странски инструменти. Во овој документ како што ти го опишав, ќе пишува кога си ја купил и по која цена, односно "Closed Lot".

Брокерот не игра улога се додека ти нуди некој корисен извештај. Од Trading 212 го користиш месечниот извештај кој ти пристигнува на маил во кој ги пишува затворените позиции, и тоа е извештајот кој го ставаш за УЈП, како слика или PDF, сеедно е. Да, пријавуваш $22 и ќе имаш данок $2 за плаќање после 10% ослободување за трошоци.
Значи ако изгубиш на некоја акција 10000 EUR, а добиеш 1000 EUR на друга, во иста година, ќе платиш данок на 1000 EUR 10%, така? Дали некој знае друга држава каде што е вака :) ц ц ц

Дали документов го прифаќаат за дивиденди од обврзници за да не се плаќа двоен данок?
Некој да потврди 100%?

Мене ми рекоа други информации од УЈП, упм.. не знам што е точно во пракса.
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Да, во законот пишува дека за тргување на странски пазари не се пребива добивка со загуба.... Не верувам дека има некоја друга држава каде што е вака..
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
US stocks може малку да се послаби оваа година но од следната ќе има голем бул маркет кој ќе трае.
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Само да пишам дека од Трејдинг 212 има проблем со вадење на парите на сметка. Бараат некои документи, договори кои ги нема
Де, кажи кој побарал (претпоставувам банка) и какви документи? Може знаеме како да се добијат.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Значи ако изгубиш на некоја акција 10000 EUR, а добиеш 1000 EUR на друга, во иста година, ќе платиш данок на 1000 EUR 10%, така? Дали некој знае друга држава каде што е вака :) ц ц ц

Дали документов го прифаќаат за дивиденди од обврзници за да не се плаќа двоен данок?
Некој да потврди 100%?

Мене ми рекоа други информации од УЈП, упм.. не знам што е точно во пракса.
Ak
Јас се согласувам со тебе како треба да биде, но не е така.

УЈП не те даночи на разлика од P&L, туку само на P, колку сакаш имај L и ова важи за тргување во странство. Капиталната добивка според ЗДЛД и УЈП е $5000 во мојот пример, затоа што загубата не се одзема.

Законски капитална добивка и доход од капитал се пријавуваат секој месец, и ова важи од 01.01.2023 и јасно го пишува во законот, и јасно е наведено на страната на УЈП, и јасно кажано од страна од нивниот контакт центар.

Дали може објаснување со референца од каде е тоа дека капитална добивка се пријавува еднаш годишно и само разлика од P&L после 01.01.2023?
Сосема точно, не ги интересира колку си изгубил, гледаат само клку си добил и тоа го даночат. Не дај Боже да работиш опции
 
Kajgana Shop

На врв Bottom