Тоа и ми е поентата, ти не бараш тука жена а упорно и упорно ни го креваш диоптерот на сите нас кои можеме татковци и мајки да ти бидеме тука, на темава го отупе, земи излези ако сакаш да си најдеш жена, ваму џабе везеш гоблени нема како за тебе, нема ни на планетава земја најубаво на марс да одиш, ти давам совет како тетка твоја возрасна сигурно имаш 17 години јас имам 37 можам тетка да ти бидам, затоа и реков, остај сеа ти за маж ми, погрешно си прочитал не се допишувал он, него јас му го проверувам телефонот од разонода, учи од постарите и од секој човек можеш да научиш нешто позитивно или негативно, а не сега нон стоп да трубиш едно па исто. Дете иди пишувај домашна.
хахахаха, стварно не знам искрено дали да се смеам или да те жалам.
па логично дека не барам жена или женска на форумов, не треба да изнесам сопствено мислење, не треба да споделувам сопствени (што значи субјективни) критериуми за потенцијален партнер, не треба да отворам теми кои што се интересни мнозинството членови на форумов, само затоа поради моите години и поради тоа што не сум барал жена или девојка на форумов и не сум правел со моите постови обиди да створам атрактивност кај женската популација на форумов, сериозно?
иако темава и прошлата беа отворени од моја страна, на неа имаш барем пет пати повеќе постови од мене, истите се толку нечитливи, толку полни со нелогичности и многу неправилни и непотребни констатации за членови што е апсурдно воопшто твоето членство на форумот, и ако јас се прашувам, во прв момент би ти го забранил членството на форум, затоа што искрено воопшто не ни допринесуваш на ниту една тема, секоја тема константно ја водиш у офтопик и константно се служиш со навреди.
,,го отупе" - тебе буквално последните 200 постови ти се на теми кои што јас ги имам отворено, хахахахахаха.
она што е интересно е како јас како дете у рани 20-ти години далеку подобро составам реченици, далеку подобро се изразувам од тебе, далеку повеќе смисла ми прават постовите, далеку подобро аргументирам и го почитувам мислењето на другите, далеку подобри теми имам отворено и далеку позрело се однесувам.
седни, прочитај ги постовите на другите форумашки кои ми се мили и кои си го кажаа сопственото мислење, дискутираат со почит спрема соговорникот и нивните мислења без разлика дали се сложуваат или не со пишаното, се служат со аргументи и даваат некаков придонес на темава и спореди ги со твоите постови и начин на комуникација и ќе ја увидиш очигледната разлика во многу сегменти, вклучувајќи ја и зрелоста и способноста за дискутирање и почитување на туѓи мислења и ставови.