...ова што си го напишал важи за твој избор или можеби општ избор за потенцијална партнерка, но од распон од тинејџерки до Х години зависи од генерација на партнерката, зашто некои работи се нормални во различни години на партнерката, пример за 16 годишна девојка во денешно време е нормално да поставува фотки на инста, да иде по кафичи, на 20 годишна да ужива на благодетите на врската, пушење цигари, екстремно барање пажња од други мушкарци итн.
...а за да ти доловам дека сето ова искажано немаш никаде што сакаш, туку само што не сакаш , да жена истетовирана и со пирс може да биде добра домаќинка, а дома да ги извади или покрие и тетоважите и пирсот, а тоа е само ете нејзино ,,телесно арт хоби,, кое го има наследено од млади години, а како сопруга да е топ, за разлика од некоја мјау, мјау мирна и невина која никогаш не запалила цигара, ама ќе ти го изеде џигерот на позрели брачни години!
red flags се ептен субјективна работа како што нагласив во првиот пост, и истите се резултат на одредени мислења, ставови, искуства, перспективи зависни од пол, години и останати работи.
затоа и спомнав дека тоа што можеби мене ми е red flag - нема да биде и на останатите и тоа е сосем ОК.
тоа што е нормално за поголем дел за популацијата, не го прави истото објективно нормално или за мене нормално, тоа е исто како јас да кажам дека е нормално да имаш дечко или маж кој што се дрогира, коцка и тражи пажња од повеќе девојчиња или жени, само затоа што е тоа некаква ,,нормалност" денес или пак на одредена возраст, што и реално не е.
не би рекол дека никаде го нема, тоа е исто како моабетот ,,нема добри жени/мажи денес", има, но поретки се у ова време во кое живиме и истотака и ти треба да бидеш вистински маж/жена за истите да ги привлечеш или пак за да можеш истите да ги пронајдеш.
дури и да нема, потребно е поставување стандарди за потенцијални партнер/ки, како и за пријатели и да знаеш што бараш во животот, доколку не можеш да го најдеш буквално истото што го бараш, тогаш барем слично на тоа, со што помалку red flags (кои повторно ќе кажам се субјективни) карактеристики кај личноста.
Joli ova pirs tetovaza da nema na vidlivo mesto e troa redfleg, ko da ti e bitno majka ti da ne znae deka e tetovirana... sho e ekstremen redfleg za mene ko tatko na nevestata, posebno sho sum te prifatil so tvoeto narkioticno minato.
хаха, не е до тоа, едноставно според мене тетоважите се делумно машка работа и лично не преферирам жени со огромен број на тетоважи или пак тетоважи кои се на ептен видливи места.
сум бил во врска со девојче кое имала солиден број на тетоважи од кои мнозинството и не биле на видливи места и не ми било пресудно истото за да не ја одберам за потенцијална партнерка, но едноставно не е нешто што преферирам и можеби истото ми укажува на можни потенцијални карактеристики кои што ги има, но сепак тоа е мое мислење.
И викаш ако женската има барем едно од овие, нема да ја регистрираш?
не, но доколку ги има мнозинството - тогаш нема да ја сметам за потенцијален партнер или едноставно нема да ја сметам за озбилно и имам комплетно право за истото од причина што сепак одбирање на партнер не е мала работа.
на крајот на денот би избрал партнерка која што ги нема тие red flags, или пак има што минимален број на истите.