Јас поќе не можам да допратам на темата кој е за кој, кој е маж а кој е жена, кој со кои ставови е, буричкајнци ми го напрајвте мозокот
Оваа тема ти е како што кажа еден од нашите соборци тука, што впрочем и ја отвори а го нема никаде, замина да ги теши почитуваните познати и стари соборци кои заминале во вечните ловишта поради мене (ваљда невозвратена љубов) и да ги бара останатите дијагнози за моето психичко здравје, зошто неколку имаше и на неколку теми ги истакна, ама не ги дознал сите, е тој како што рече, оваа тема е една од најчитаните, најпосетените и најпоучните теми што некој форумџија ја има прочитано воопшто некаде од СФРЈ па и до недоглед, и толку беше посетена и славна што и ја заклучувавме, па две имиња и ставивме, па ете како што гледаш, нашата фамозна тема е збир од влијанието на социјалните мрежи во врска, ама пошто ние кутрите тука сите социјални мрежи имаме, ама за недостатокот на врски што сме ги имале се префрливме нешто кратко кон религија, па длабоко дискутиравме зошто очајна ги блокира сите пријателки на фб на мажот и, па имаме некои стручњаци кои ги слушаме за се и тие решија дека очајна уствари го измисли мажот и уствари се работи за разведена жена или по дефиниција да се изразам како некој друг од нашите легенди би рекол ливадарка и после тоа се разбира кој ако не ние ќе кажуваме што треба да прават разведените и постарите слободни жени, дали се за да ги примиш дома, т. е ти како маж сега голем, снажен, плоден во цут на младоста, неженет си 40 години, 20 кај мама ги живееш, ќе земаш сега дома стара мома од 34? Никако.
И по логика почнавме од тие жени, па завршивме до таму дека уствари сакаш разведена, сакаш 24 или 38 жена да земаш, па чак и невина џабе, сите жени се исти. И имавме и исповеди од чак за нас недостижни и генијални интелектуалци кои отворија душа за тоа колку се волни и да се откажат и од цела репутација што тука ја уживаат само да пронајдат една мала весела женичка која не е како сите, која само безгрижно ќе си трчка низ форум како Хајди кај дедо и ама џабе, тука се разведени, емотивно осакатени, полуписмени и со доживеани неколку нервни сломови и се испративме со солзи во очите после потресните приказни и неможноста да ја пронајдеме Хајди, па излезе светло после тунелот кога исто така познат интелектуалец ги пронашол рајските порти и тн и тн... И тука јас си легнав.